Лавров: Нема напредок во односите меѓу Москва и Вашингтон, санкциите и натаму на сила

Шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров оцени дека нема реален напредок во односите меѓу Русија и САД, и покрај неговото учество на состанокот на министрите за надворешни работи на Г20 во Атланта, јави германската новинска агенција ДПА. „Во пракса, досега не е забележан никаков реален напредок во односите со САД“, изјави Лавров синоќа. Тој предупреди да не се негуваат илузии …

Continue Reading

Над 165.000 млади се очекуваат на протести во Германија против задолжителниот воен рок и високите трошоци за живот

Германското младинско движење „Генерација З презема контрола“ повика на масовни протести денеска во 34 градови низ земјата. Организаторите очекуваат повеќе од 165.000 учесници кои ќе протестираат против задолжителниот воен рок и високите трошоци за живот, јави германската новинска агенција ДПА. Демонстрантите ќе бараат поголеми инвестиции во образованието, социјалната сигурност и здравството, како и посилна борба против климатските промени. Од движењето …

Continue Reading

Крај за дивата улична продажба кај Клинички, Зелениот пазар и Буњаковец

Инспекциските служби вчера спровеле координирана акција на неколку локации во Скопје, при што биле отстранети нелегалните улични продавачи кај Клиничкиот центар, Зелениот пазар и Буњаковец. Акцијата ја спровел Инспекторатот на Град Скопје, во соработка со Државниот пазарен инспекторат, Агенцијата за храна и ветеринарство и Инспекторатот на Општина Центар. Од Град Скопје информираат дека целта на контролите е воспоставување комунален ред, …

Continue Reading

СДСМ бара истрага против Мицкоски и Славески по одземањето на дозволата на Алта банка во Србија

Опозициската СДСМ бара Обвинителството да поведе кривични постапки против премиерот Христијан Мицкоски, гувернерот на Народната банка, Трајко Славески, и други лица за кои тврди дека учествувале во процесите поврзани со Алта банка, откако Народната банка на Србија ѝ ја одзеде дозволата за работа и најави стечај. Од СДСМ велат дека со одлуката се блокирани сметките на граѓани и компании, а …

Continue Reading

Судир меѓу претседателот и премиерот ја тресе Полска, полицијата распоредена пред Уставниот суд

Полска се соочува со сериозна институционална криза по суспендирањето на претседателот на Уставниот трибунал, Богдан Швенчковски, и распоредувањето полиција околу седиштето на оваа институција во Варшава. Случувањата дополнително го заострија политичкиот судир меѓу претседателот Карол Навроцки и премиерот Доналд Туск. Навроцки ја прекина посетата на Сенегал и се врати во земјата по ескалацијата на кризата, која полските медиуми ја толкуваат …

Continue Reading

Пријавен маж од Куманово за силување на малолетно дете

Маж од Куманово ќе се соочи со кривична пријава под сомнение дека во периодот од февруари до октомври годинава сексуално злоупотребувал дете помладо од 15 години. Од Министерството за внатрешни работи информираат дека Секторот за внатрешни работи Куманово поднел кривична пријава против лицето Д. Р. поради сомнение за сторено кривично дело „силување на дете кое не наполнило 15 години“. Засега …

Continue Reading

Облачно и дождливо време, попладне и во текот на ноќта се очекуваат пообилни врнежи

Променливо облачно време со повремени локални врнежи од дожд со слаб до умерен интензитет нè очекува денеска низ земјава. Повеќе врнежи се очекуваат во попладневните часови и во текот на ноќта. Ќе дува слаб ветер од северен правец. Минималната температура ќе се движи од 7 до 12 степени, а максималната ќе достигне од 11 до 16 степени. Во Скопје времето …

Continue Reading

САД одобрија продажба на 500 ракети „Патриот“ на Украина за 2,1 милијарда долари

Американскиот Стејт департмент денеска одобри продажба на 500 ракети „Патриот ПАЦ-3“ на Украина, во зделка чија проценета вредност изнесува 2,1 милијарда долари, пренесува Ројтерс. Според соопштението, Украина ќе ги плати ракетите со средства обезбедени од Канада, Германија и Норвешка преку американската програма „Џампстарт“, како и со средства од заемот на Европската Унија за поддршка на земјата. Одлуката доаѓа во период …

Continue Reading

Новиот изглед на Џенифер Лоренс предизвика шпекулации, хирурзи проценуваат дека зафатите би можеле да чинат илјадници долари

Новиот изглед на холивудската актерка Џенифер Лоренс (36) предизвика бројни реакции на социјалните мрежи, а неколку пластични хирурзи изнесоа претпоставки за можните естетски зафати на нејзиното лице. Сепак, актерката не потврдила дека направила такви операции, пишува „Пејџ сикс“. Пластичниот хирург Шон Мекнали процени дека комбинација од операција на горните очни капаци и подигнување на веѓите би чинела околу 15.000 долари, …

Continue Reading