Крај за дивата улична продажба кај Клинички, Зелениот пазар и Буњаковец


klinicki.webp
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Инспекциските служби вчера спровеле координирана акција на неколку локации во Скопје, при што биле отстранети нелегалните улични продавачи кај Клиничкиот центар, Зелениот пазар и Буњаковец.


Акцијата ја спровел Инспекторатот на Град Скопје, во соработка со Државниот пазарен инспекторат, Агенцијата за храна и ветеринарство и Инспекторатот на Општина Центар.

Од Град Скопје информираат дека целта на контролите е воспоставување комунален ред, спречување на нелегалната трговија, заштита на јавните површини и обезбедување еднакви услови за сите трговци кои работат согласно законските прописи.

„Нема да дозволиме јавните површини да се узурпираат и да се користат за нелегална продажба“, порачуваат од Град Скопје.

Оттаму најавуваат дека инспекциските контроли и координираните активности ќе продолжат и во наредниот период, со цел одржување на комуналниот ред и почитување на законите на целата територија на градот.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK