„Ах бре убаво дете, сите списоци, сите болници ги баравме за да те најдеме, Струмица загуби талентиран музичар“, напиша Костадинов
„Ах бре убаво дете, сите списоци, сите болници ги баравме за да те најдеме, само да ни кажат дека си тука…“, напиша градоначалникот на Струмица, Костадин Костадинов на социјалните мрежи. „Со неизмерна тага ја примив веста за трагичната загуба на нашиот сограѓанин, Горги Горгиев, кој го загуби својот живот во страшниот пожар во Кочани. Струмица загуби талентиран музичар, пријател и …
Continue Reading
Реал: Нема да играме натпревари доколку за одмор немаме барем 72 часа
Реал Мадрид соопшти дека нема да се согласи да одигра уште еден натпревар доколку фудбалерите немаат најмалку 72 часа одмор меѓу натпреварите. Ова го потврди тренерот на Реал, Карло Анчелоти, по победата од 2-1 против Виљареал на гостински терен во шпанскиот шампионат. Натпреварот Виљареал – Реал започна во 18 часот и 30 минути, а Реал во среда го одигра реваншот …
Continue Reading
Двајца пациенти се на респиратор, а уште двајца може да завршат на респиратор во „Св. Наум Охридски“, некои се со 60 отсто изгореници
Двајца од хоспитализираните 29 лица во Клиниката за хируршки болести „Св. Наум Охридски“ по пожарот во дискотека во Кочани се на респиратор, а останатите се во стабилна состојба која постојано се следи оти се менува од час во час. Директорот на болницата, Небојша Настов, вели дека има уште двајца повредени на кои може да им треба респираторна поддршка. „Засега двајца …
Continue Reading
Итна седница на Советот на Град Скопје во вторник
Градот Скопје изразува длабоко сочувство до семејствата на настраданите во страшната несреќа која ноќеска се случи во Кочани. Трагедијата која што се случи е огромна, нема зборови што можат да ја искажат болката и тагата за загубата на нашите сограѓани. Сочувство до семејствата и роднините на настраданите изразија Претседателот на Советот на Град Скопје и Градоначалникот на Град Скопје кои …
Continue Reading
Владата ќе одржи вонредна седница, ќе биде прогласена 7 дневна жалост поради трагедијата во Кочани
Владата денеска во 16 часот ќе одржи седница. Според информациите со кои располагаме, Владата ќе донесе одлука за 7 дневна жалост поради трагедијата во Кочани. Ќе се донесе и заклучок за итна и вонредна инспекција на сите ноќни клубови, дискотеки и ресторани приредувачи на забави.
Continue Reading
Гризман ќе го напушти Атлетико
Најдобриот стрелец во историјата на Атлетико Мадрид, Антоан Гризман по крајот на сезоната ќе го напушти клубот, бидејќи сака да ја продолжи играчката кариера во Лос Анџелес, пренесува Релево. Гризман има договор со Атлетико до јуни 2026 година. Шпанските медиуми пренесуваат дека францускиот фудбалер планира да одржи состанок со клупските челници до крајот на март, на кој ќе ги извести …
Continue Reading
(Фото) 18 лица хоспитализирани во ГОБ „8 Септември“
Се зголемува бројот на родители, роднини и пријатели пред Градската општа болница „8 септември“ во обид да добијат информација за состојбата на своите најблиски. Тука, според последните информации, има 18 пациенти. Забележливи се и екипи на Црвениот крст. Министерството за здравство ја уверува јавноста дека сите расположливи ресурси се ставени во функција и дека ниту еден пациент не е оставен …
Continue Reading
Тошковски: 59 загинати, 155 повредени во пожарот во дискотека во Кочани
59 лица загинаа во големиот пожар што утрово се случи во дискотека во Кочани. Повредени се 155 лица, изјави пред малку министерот за внатрешни работи Панче Тошковски. Од загинатите идентификувани 35 лица, од кои 31 се од Кочани и 4 од Штип. „Досега се извршени разговори со 10 хоспитализирани лица, со еден член од групата ДНК. Распишана е централна потерница …
Continue Reading
(Видео) Благојчо Георгиев од Кочани: Кој даде дозвола таа шупата таму да работи, дискотека да се нарекува
Благојчо Георгиев од здружението „Хендикеп“ во видео-снимка објавена на социјалните мрежи кажа дека изолацијата во дискотеката во Кочани била направена од најевтини материјали и прашува кој ја дал дозволата за работа и дали некој направил контрола. „Само што почна пожарот, почнаа да ми стигнуваат видеа. Нека почиваат во мир душите на трагично загинатите во Кочани во дискотеката. Помеѓу нив имам …
Continue Reading