Дваесет повредени кои се во критична состојба ќе бидат пренесени во Бугарија, во Турција, во Грција и во Србија, вели Таравари
Дваесет од вкупно 155 повредени во пожарот во дискотеката во Кочани кои се во критична состојба ќе бидат пренесени на понатамошно лекување во странство. Министерот за здравство Арбен Таравари денес од штипската болница извести дека во болницата во Кочани се сместени 30 пациенти, во штипската болница има 39 пациенти, во Клиничкиот центар во Скопје се сметени 31 пациент, во ГОБ„8 …
Continue Reading
Наполи не успеа да победи во Венеција
Фудбалерите на Венеција и Наполи одиграа нерешено без голови во 29. натпревар од италијанската Серија А. Резултатот не им оди во прилог на двата тима, но сепак позадоволни ќе бидат фудбалерите на Венеција кои се борат за опстанок. Тимот од Неапол направи чекор назад во шампионската трка. Наполи сега има 61 бод и се израмни на првото место со Интер, …
Continue Reading
Mакедонскиот народен театар ги отвора вратите за сите семејства на хоспитализираните лица
Mакедонскиот народен театар ги отвора вратите во знак на солидарност и општествена одговорност, за сите семејства на хоспитализираните лица кои се повредени од настанатиот пожар во Кочани, стои во известувањето. „Семејствата кои имаат потреба да останат во Скопје и да бидат блиску до своите најблиски, Македонскиот народен театар ќе им овозможи престој тие да бидат сместени во гримиорните и апартманите. …
Continue Reading
МОН: Семејствата на повредените кои се наоѓаат во Скопје, можат да ги користат услугите на неколку ученички и студентски домови
Министерството за образование и наука информира дека семејствата на повредените од несреќата во Кочани кои во моментов се наоѓаат во Скопје, можат да ги користат услугите за сместување и исхрана на студентскиот дом „Гоце Делчев“ во општина Карпош, студентскиот дом „Томе Стефановски – Сениќ“ во Гази Баба, ученичкиот дом во рамки на државното училиште за рехабилитација „Партенија Зографски“ исто така …
Continue Reading
Директорот на Центарот за култура во Штип и член на бендот на „ДНК“ загина во пожарот во Кочани
Музичарот Филип Стевановски од Куманово и член на бендот на „ДНК“, загина во пожарот во Кочани. Стевановски беше продуцент, пијанист, тромбонист и композитор, магистар по џез науки, а вработен беше како професор во Државниот музички училишен центар (ДМУЦ) „Сергеј Михајлов“ – Штип. Филип Стевановски беше неодамна назначен и за директор на Центарот за култура во Штип. „Со длабока тага и …
Continue Reading
Герасимовски: Семејствата и блиските на повредените можат бесплатно да се сместат во скопските хотели
Градоначалникот на Општина Центар Горан Герасимовски информира дека семејствата и блиските на настраданите и повредените кои се хоспитализирани во скопските здравствени установи можат бесплатно да се сместат и да одморат во хотелите на територија на градот Скопје. „Семејствата и блиските на настраданите и повредените кои се хоспитализирани во скопските здравствени установи можат бесплатно да се сместат и да одморат во …
Continue Reading
Г.г Стефан: Утеха на семејствата и блиските, но и на сите нам, нека ни биде верата дека споменот на праведниците е вечен
Поглаварот на МПЦ-ОА, г.г. Стефан изрази сочувство. „Светиот архијерејски синод на Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија со исклучителна тага и жал ја прими злокобната вест за огромната трагедија во Кочани, во која животот го загубија голем број на наши млади чеда, а уште многумина се борат за живот. Но, и во овие мигови на непоимлива скрб, да не заборавиме …
Continue Reading
Гаши: Тежок ден, не можам да најдам зборови за утеха, се надевам дека никогаш нема да се повтори
Претседателот на Собранието, Африм Гаши, нема зборови за утеха по пожарот во Кочани во кој загинаа 59 лица, а околу 140 се повредени. Тој по посетата на пациентите сместени во Клиниката за хируршки болести „Св. Наум Охридски“ рече дека треба да сме сплотени за како држава да помогнеме на семејствата. „Многу голема трагедија, тежок ден за сите нас. Не можам …
Continue Reading
МНР формираше кризен штаб
Во врска со трагичната несреќа што се случи утрово во Кочани, Министерството за надворешни работи и надворешна трговија формираше кризен штаб кој редовно ја следи состојбата и координира со надлежните институции. „За сите информации, на располагање е дежурниот телефонски број 075/273-732. Министерството за надворешни работи и надворешна трговија со сите свои капацитети стои на располагање за секоја неопходна поддршка и …
Continue Reading