Ќерка ја тепала мајката во семејниот дом во населба Илинден
Вчера во 16.00 часот, полициски службеници од СВР Скопје ја привеле А.Р.(43) од село во општина Илинден затоа што во семејниот дом агресивно се однесувала и физички ја нападнала својата мајка. По целосно документирање на случајот, против неа ќе биде поднесен соодветен поднесок.
Continue Reading
Ја тепал сопругата со која се разведувал
Вчера во 22.20 часот, полициски службеници од полициската станица Виница го лишиле од слобода Г.Ј.(40) од Виничко, постапувајќи по претходна пријава дека физички ја нападнал неговата 32-годишна сопруга со која е во бракоразводна парница. Тој е задржан во полициска станица и по целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
Continue Reading
70-годишен маж тешко повреден откако управувајќи велосипед го удрил автомобил
Вчера во 12.31 часот во СВР Скопје е пријавено дека на ул.„Цветан Димов“ во Скопје, патничко возило пежо со црногорски национални ознаки, управувано од Р.Р.(49) од с.Кучевиште, Скопско, удрил во велосипед, управуван од Љ.Г.(70) од Скопје. Во несреќата, велосипедистот Љ.Г. се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Ургентен центар при Комплекс клиники „Мајка Тереза“. Известен е јавен обвинител, по …
Continue Reading
Асефа постави светски рекорд на маратон
Тигст Асефа од Етиопија го собори светскиот рекорд во маратон, откако победи на 45-от Лондонски маратон со време од 2:15,50 часа. Асефа, освојувачка на сребрен медал на маратонот на Олимписките игри во Париз 2024, се одвои од Кенијката Џојсилин Џепкосгеи во последните неколку километри откако двете поставија исто темпо од самиот почеток. Со денешниот резултат таа го подобри претходниот рекорд …
Continue Reading
Анчелоти е новиот селектор на Бразил?
Тренерот на Реал, Карло Анчелоти, е многу блиску до преземање на репрезентацијата на Бразил, објави британската телевизија „Скај Спортс“. Анчелоти има договор со челниците на Реал до јуни следната година, но се поизвесно е дека ќе го напушти Мадрид на крајот од тековната сезона, пред Светското клупско првенство. По неуспехот на Светското првенство во Катар 2022 година, Бразил имаше дури …
Continue Reading
Сакал да влезе на Табановце со фалсификувана возачка дозвола
Регионалниот центар за гранични работи Север поднесе кривична пријава против А.С.(37) од Косово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „фалсификување исправа“. Нa 15.04.2025 на граничниот премин Табановце, за влез во државата, пријавениот на увид приложил фалсификувана возачка дозвола.
Continue Reading
Детето што загина со мотор немало ниту возачка, ниту кацига, а возело со брзина над дозволената
Дежурен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје извршил увид на местото на тешката сообраќајната несреќа во која загина 16-годишен возач на мотоцикл, која ноќеска се случила во близина на трговскиот центар „Чаирчанка”. Како што соопшти државното Јавно обвинителство, според првичните сознанија по увидот, 16-годишникот управувал без возачка дозвола и заштитна кацига, како и со брзина поголема од дозволената. -На …
Continue Reading
Загина 16-годишно момче во Чаир, возел мотор и удрил во тротинет
Ноќеска, два часа по полноќ загина малолетен мотоциклист на возраст од 16 години, кога се судрил со електричен тротинет управуван од 14-годишно момче. Трагедијата се случила на улицата „Цветан Димов“ во Чаир. „Од здобиените повреди на местото починал мотоциклистот, а смрт констатирал лекар од Итна медицинска помош. Додека, 14-годишникот се здобил со телесни повреди констатирани во Ургентен центар при Комплекс …
Continue Reading
Русија лансираше 97 беспилотни летала во неколку региони низ Украина
Во текот на ноќта, Русија лансираше 97 беспилотни летала во неколку региони низ Украина, соопштија Воздухопловните сили на вооружените сили на Украина. Воздухопловните сили објавија на Телеграм дека украинските сили собориле 66 руски беспилотни летала во текот на ноќта. Во голем број украински региони е прогласена воздушна опасност поради лансирање руски беспилотни летала, вклучувајќи ги Полтавската и Харковската област, Одеса, …
Continue Reading