Уникатното охридско кајче претставено на Меѓународниот саем за наутика во Белград
Охридски „Зелен Град“ го претстави уникатното Охридско кајче со фотоволтаични панели и електичен мотор на Меѓународниот саем за Наутика во Белград ЕКО Здружението „Зелен Град” од Охрид имаше забележително учество на Меѓународниот саем за Наутика во Белград, Република Србија. Се претставија со единствениот и уникатен експонат на саемот, традиционалното Охридско кајче на кое беа поставени фотоволтаични панели и иновативен електичен …
Continue Reading
Одбележани 24 години од загинувањето на бранителите кај Вејце
Осуммина припадници на специјалната единица на МВР, од кои четворица битолчани, на денешен ден пред 24 години, загинаа во масакрот кај селото Вејце, во конфликтот во 2001 година. Во нивна чест, пред споменикот на загинатите бранители во кругот на СВР Битола, споменикот „Ангел“ кај Саат кулата и споменикот на Бошко Најдовски во Долно Оризари, свежо цвеќе положија градоначалникот на општина …
Continue Reading
Универзитетското собрание го поддржува протестниот „Марш за ангелите“ за трагедијата во Кочани
Универзитетското студентско собрание на УКИМ ја дава својата јавна поддршка на протестниот марш „Марш за ангелите“, кој ќе се одржи утре, 29 април 2025 година, во Скопје, во организација на семејствата настрадани во пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани. Според најавата, протестот ќе почне пред Обвинителството во Скопје во 12:05 часот – време кое симболично ја означува задоцнетата реакција – …
Continue Reading
ЈАВЕН ПОВИК за субвенционирање на граѓаните на Општина Струмица за купување на велосипед или велосипед со заштитна опрема (кацига, ракавици, штитници, велосипедско светло), за 2025 година
Општина Струмица Врз основа на член 50 од Законот за локална самоуправа („Службен Весник на Р.М.” бр.05/02), се со цел за остварување на целите и имплементација на активностите предвидени со проектот „Субвенционирање за купување на велосипед и велосипед со заштитна опрема (кацига, ракавици, штитници, велосипедско светло),“ и согласно Програма за активностите во областа на заштита на животната средина на …
Continue Reading
Возило на АРМ исчезна од автосервис во Гази Баба
Возило во сопственост на АРМ, оставено на сервисирање во Гази Баба било украдено во текот на ноќта. Случајот во МВР го пријавил сопственикот на автосервисот. Се работи за товарно возило „ивеко дејли–фургон“, сопственост на македонската Армија. Украдени биле и регистарски таблички од патничко возило „мазда“ кое било оставено на сервис. Од МВР велат дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Continue Reading
Свечено отворена концертната сала Ванчо Чавдарски во Владимирово
Вчера во Владимирово се славеше културата и почитта кон корените, но и оставината за идните генерации. Старата сала на Задружниот дом во срцето на Владимирово, во само 70 дена, беше возобновена со здружени сили на селаните и сите што потекнуваат од Владимирово. Во чест диригентот со светска слава којшто Македонија ја славеше низ светот, а потекнува од Владимирово – маестро …
Continue Reading
14-годишно девојче нападнато од врснички во Аеродром
К.П.(41) од Скопје пријавила дека на 26 април во 20.00 часот на подрачјето на општина Аеродром, нејзината 14-годишна ќерка била физички нападната од две малолетнички, кои ги познавала. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Continue Reading
Скопјанец нападнат од сопругата во Аеродром, случајот пријавен во МВР
Тритесет и петгодишен маж од Скопје пријавил дека во саботата во семејниот дом на подрачјето на општина Аеродром, бил физички нападнат од неговата сопруга М.М.П.(36) од Скопје. Се преземаат мерки за расчистување на случајот, велат од МВР.
Continue Reading
Изгубил контрола врз тротинетот и паднал: тешко повреден скопјанец
Вчера околу 20.10 часот во СВР Скопје e пријавено дека на бул.„Јане Сандански“ во Скопје, Б.Ј.(38) од Скопје, управувајќи електричен тротинет, изгубил контрола и паднал на коловозот. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил Б.Ј., констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.
Continue Reading