Универзитетското собрание го поддржува протестниот „Марш за ангелите“ за трагедијата во Кочани


12904690.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Универзитетското студентско собрание на УКИМ ја дава својата јавна поддршка на протестниот марш „Марш за ангелите“, кој ќе се одржи утре, 29 април 2025 година, во Скопје, во организација на семејствата настрадани во пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани.


Според најавата, протестот ќе почне пред Обвинителството во Скопје во 12:05 часот – време кое симболично ја означува задоцнетата реакција – и ќе продолжи кон Градскиот плоштад, а потоа пред Собранието.

„Како Универзитетското студентско собрание на УКИМ, сметаме дека е наша обврска, пред сè како граѓани, а потоа и како студентска заедница, да застанеме во знак на сочувство и поддршка кон оние кои претрпеа голема загуба и заедно да повикаме на одговорност и правда. Го поддржуваме барањето за јасни одговори и за итно преземање на одговорност од страна на институциите“, велат од  студентското собрание на УКИМ.

Ги повикуваат сите студенти, како и целата јавност, да се приклучат.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK