(Видео) ВМРО-ДПМНЕ не го спроведува Законот за македонски јазик, велат од СДСМ

„Денеска одбележуваме 80 години од историскиот момент на кодификацијата на македонскиот јазик – темелна вредност на нашиот идентитет, култура и државност. Тоа е делото на Блаже Конески, но и многу други значајни великани. Им оддаваме почит и го пренесуваме амананетот за негова заштита, промоција и унапредување од генерација на генерација“, рече Маја Серафимовска Борозан од СДСМ. „За жал, токму денес, сведоци …

Continue Reading

Лишени од слобода четири лица на подрачјето на СВР Тетово, возеле побргу од дозволеното

Вчера во периодот од 14.00 до 20.00 часот, полициски службеници од Полициската станица за безбедност на патниот сообраќај Тетово и Полициското одделение за безбедност на патниот сообраќај Гостивар извршиле акциска контрола за пречекорување на максимално дозволената брзина во и надвор од населено место. Притоа, поради безобѕирно управување со моторно возило по наредба од јавен обвинител од слобода биле лишени четири …

Continue Reading

„Скајп“ заминува во историјата

По една година одржување „на апарати“, „Скајп“ официјално ќе биде исклучен денеска. „Мајкрософт“ веќе некое време најавува затворање на некогаш исклучително популарната апликација за видео повици „Скајп“. Од денеска, оваа апликација повеќе нема да биде достапна, а „Мајкрософт“ им советуваше на корисниците да мигрираат на новото решение на компанијата. „Почнувајќи од мај, ‘Скајп’ повеќе нема да биде достапен. Продолжете ги вашите повици …

Continue Reading

Уапсен 24-годишник од Охрид, со стаклен предмет нападнал скопјанец

Денеска во 02.15 часот на булеварот „Туристичка“ во Охрид, полициски службеници од СВР Охрид го лишиле од слобода Ф.П.(24) од Охрид, кој претходно во селото Песочани, општина Дебрца, со стаклен предмет го нападнал Ж.К.(45) од Скопје. По целосно документирање на настанот, против напаѓачот ќе биде поднесена соодветна пријава.

Continue Reading

Семејно насилство во Охрид: татко ја истепал својата ќерка, по што се вклучиле и други членови на семејството

Денеска во 00.15 часот во СВР Охрид е пријавено дека Р.Б. од Охрид физички ја нападнал неговата ќерка, по што се вклучиле и други членови на семејството. По целосно документирање на настанот, против напаѓачите ќе биде поднесена соодветна пријава.

Continue Reading

(Видео) Инспирирани од вистинска љубовна приказна, Антониа Гиговска и Роберт Билбилов ја создадоа „Аман“

Инспирирани од една вистинска животна приказна, познатиот продуцент Роберт Билбилов, заедно со Антониа Гиговска создадоа музичко ремек-дело. Насловот на новата нумера е „Аман“, а доаѓа како инспирација од една смс-порака која гласела: „Мислев ти си ми таман, ама испадна АМАН“. Токму оваа порака била доволна за продуцентот Билбилов ја направи оваа композиција. Песната беше објавена вчера на сите музички платформи. …

Continue Reading

(Видео) Александер-Арнолд се збогува со Ливерпул

Десниот бек, Трент Александар-Арнолд (ТАА), потврди дека како слободен играч ќе го напушти Ливерпул по завршувањето на сезоната. ТАА јавно се збогуваше со клубот чиј член беше 20 години. „По 20 години во фудбалскиот клуб Ливерпул, време е да потврдам дека заминувам на крајот од сезоната. Ова е најтешката одлука што некогаш сум ја донел во мојот живот. Знам дека …

Continue Reading

Општина Гази Баба доделува субвенции за сончеви термални колектори

Општина Гази Баба објави Јавен повик за надоместување на дел од трошоците на граѓаните на подрачјето на општина Гази Баба за набавка и вградување на сончеви термални колектори. Право на учество на Јавниот повик имаат жителите на општина Гази Баба кои имаат купено и вградено сончеви термални колекторски системи во својот дом во периодот од денот на објавување на јавниот …

Continue Reading

Најава за цела недела – облачно и нестабилно време со врнежи од дожд и грмежи

  Под влијание на влажна и нестабилна воздушна маса времето во текот на оваа седмица ќе биде променливо облачно и нестабилно со честа појава на локални врнежи од дожд и грмежи, информира УХРМ. Наместа процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со пообилен пороен дожд (за кратко време поголема количина), грмежи, силен ветер (над 60 км/ч) и изолирана појава …

Continue Reading