Џесика Алба (45) позира на јахта во Мајами со момчето Дени Рамирез (33)
Џесика Алба и нејзиното момче Дени Рамирез уживаат на брод покрај брегот на Мајами, а моментите на релаксација ги сподели на социјалните мрежи. Актерката објави серија фотографии со краток натпис „joymaxxing“, интернет термин кој наједноставно би можел да се преведе како максимално уживање, пишува People. Алба (45) објави галерија од фотографии од себе, Рамирез (33) и неколку пријатели како го …
Continue Reading
Тројца европски премиери објавија селфи: „Тројцата мускетари го чекаат четвртиот“
Словачкиот премиер Роберт Фицо сподели селфи на кое позира со чешкиот премиер Андреј Бабиш и полскиот премиер Доналд Туск. Селфито е направено за време на 8-миот состанок на Европската политичка заедница, кој се одржа во Ерменија. „Тројцата мускетари го чекаат четвртиот и оживувањето на В4“, напиша Фицо на X. „Четвртиот мускетар“ очигледно се однесува на идниот унгарски премиер Петер Маѓар. …
Continue Reading
Трамп објави фотографија од шефот на централната банка како паѓа во ѓубре
Американскиот претседател, Доналд Трамп, објави фотографија на својата социјална мрежа на која Џером Пауел, шефот на Федералните резерви (централна банка на САД), паѓа во контејнер за ѓубре. Сликата прикажува човек кој има огромна сличност со Пауел додека паѓа во ѓубрето, што е само продолжение на навредите на Трамп кон човекот кого јавно го оцрнува веќе една година. Белата куќа ја …
Continue Reading
Падна романската влада
Опозиционите партии на Романија ја соборија прозападната конзервативна влада на премиерот Илие Болојан бидејќи се противат на неговите политики за штедење и плановите за продажба на државен имот. Предлогот за недоверба на владата го поднесоа Алијансата за единство на Романците (AUR), крајно десничарска популистичка партија, и Социјалдемократската партија (PSD), која до неодамна беше дел од коалицијата на Болојан. Претседателот Никушор …
Continue Reading
Утре променливо облачно време, со температура до 27 степени
Времето утре ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен, а наместа долж Повардарието повремено засилен ветер од јужен правец, информира УХМР. Минималната температура ќе биде во интервал од 3 до 10, а максималната ќе достигне од 21 до 27 степени. Во Скопје, променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен …
Continue Reading
Иран му одговори на Трамп: „Какви глупости“
Мохамад Мокбер, советник на иранскиот врховен лидер, остро ги коментираше обидите на Доналд Трамп да го отвори Ормутскиот теснец, велејќи дека американскиот претседател „зборува глупости“. Неговите изјави, пренесени од државната новинска агенција ИРНА, се продолжение на низата критики од високи функционери од Техеран за реториката на Трамп за војната. Мокбер нагласи дека Ормутскиот теснец нема да се отвори „освен ако …
Continue Reading
Иран повторно ги нападна Емиратите со ракети
Обединетите Арапски Емирати повторно беа под директен напад од Иран. Министерството за одбрана потврди дека системите за воздушна одбрана во моментов пресретнуваат ракети и беспилотни летала лансирани од иранска територија. Населението доби итни предупредувања од надлежните служби веднаш да се преселат на безбедно место и строго да ги следат упатствата на властите додека не помине опасноста. Иако точниот обем и …
Continue Reading
Проширувањето на ОУ „Гоце Делчев“ во Горно Лисиче ќе биде готово за девет месеци
Не е доволно само да кажеме дека децата и младите се нашето најголемо богатство, туку треба вака, на дело да покажеме дека вложуваме во нивната иднина, рече министерката за образование и наука, Весна Јаневска, при денешната посета на основното училиште „Гоце Делчев“ во Горно Лисиче во општина Аеродром, каде заедно со премиерот, Христијан Мицкоски, и градоначaлникот Дејан Митески поставија камен …
Continue Reading
Пет кандидати на интервју за член на ДКСК
Комисијата за прашања на изборите и именувањата одржа седница на која спроведе интервјуа со пријавените кандидати за член на Државната комисија за спречување на корупцијата. Седницата ја отвори Ѓорѓија Сајкоски, претседател на Комисијата за прашања на изборите и именувањата, а со неа понатаму раководеше претседателот на Комисијата за селекција, Игор Здравковски. Кандидатите Катерина Зајковска, Марија Катралова-Китанов, Владимир Клековски, Тања Левајковиќ …
Continue Reading