Зеленски: Русија не пристапува сериозно кон мировните преговори

Украинскиот претседател Володимир Зеленски ѝ се обрати на јавноста по средбата со турскиот колега Реџеп Таип Ердоган. Тој рече дека во украинската делегација биле министерот за надворешни работи, шефот на кабинетот на претседателот, министерот за одбрана, началникот на генералштабот, директорот на безбедносната служба и претставници на разузнавачките служби. Додаде дека и Турција ја пречекала Украина со делегација на највисоко ниво. …

Continue Reading

Австриската министерка за надворешни работи доаѓа во Скопје

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, утре, 16 мај, ќе биде домаќин на министерката за надворешни работи на Република Австрија, Беате Мајнл-Рајсингер, информира МНР. Ова е прва посета на министерката Беате Мајнл-Рајсингер на нашата земја по стапувањето на функцијата министер за европски и меѓународни работи на Република Австрија на 3 март 2025 година. „Во фокус на разговорите …

Continue Reading

Таравари официјално поднесе оставка: „Одлуката ја донесов по лична и професионална проценка“

Министерот за здравство, воедно и претседател на Алијансата за Албанците, Арбен Таравари, попладнево официјално поднесе оставка од министерската функција. Во писмената оставка што ја доставил до премиерот, Христијан Мицкоски, наведува дека одлуката ја донел по внимателна лична и професионална проценка. „Со ова писмо, Ве известувам дека поднесувам неотповиклива оставка од функцијата Министер за здравство на Република Северна Македонија. Одговорноста што …

Continue Reading

Трамп: Ништо нема да се случи додека не се сретнеме со Путин

Американскиот претседател, Доналд Трамп, изјави дека ништо нема да се случи во врска со мировните преговори меѓу Русија и Украина додека не се сретне лично со рускиот претседател Владимир Путин. „Ништо нема да се случи додека не се сретнеме со Путин, во ред? Очигледно е – тој немаше намера да дојде. Ќе дојдеше, но мислеше дека јас ќе одам. Немаше …

Continue Reading

Халанд: Ужасна и здодевна сезона

Фудбалерот на Манчестер сити, Ерлинг Халанд, смета дека тековната сезона не е задоволителна за тој клуб. Сити ќе се обиде да освои барем еден трофеј, оној во ФА Купот, во сабота во 17:30 часот ќе игра во финалето против Кристал Палас. „Оваа сезона беше тешка. Не е убаво да се изгубат толку многу натпревари. Досадно е, не е забавно. Затоа …

Continue Reading

Притвор за дилер од Битола, им давал марихуана и на деца

Основното јавно обвинителство Битола донесе наредба за спроведување истражна постапка против едно лице поради сомнение дека сторило продолжени кривични дела – Неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори. „Во текот на 2024 и 2025 година осомничениот во повеќе наврати неовластено продавал наркотична дрога – марихуана на наркозависници. Во текот на претходната постапка обезбедени се докази …

Continue Reading

Костадиновска-Стојчевска: Со измените, власта го уназади Законот за македонски јазик

Со Законот за употреба на македонскиот јазик кој го донесовме со поддршка од сите пратеници, во јануари 2024 година, после 18 години, за првпат се воведе јасна контрола на тоа како ќе се употребува македонскиот јазик, каде и дали правилно, како и формирањето на независен Инспекторат. Денес, преку предложените измени, сведочиме на уназадување на тој напредок, рече пратеничката на СДСМ …

Continue Reading

Антонели целиот клас го носи на трката Имола

Возачот на Мерцедес, Андреа Кими Антонели, изјави дека со нетрпение ја очекува својата прва трка на домашен терен, Големата награда на Емилија Ромања, која е в недела се вози во Имола. Иако дебитираше во Формула 1 пред само два месеци, Антонели е веќе голема ѕвезда, но сепак оди на училиште. За среќа, обврските околу завршниот испит не го забавија, напротив, …

Continue Reading

Формирана нова пратеничка група на „Вреди“, Беким Ќоку назначен за координатор

Во врска со прашањата за промените во составот на пратеничките групи, претседателот на Собранието, Африм Гаши, денес бил официјално известен за промените во составот и раководната структура на пратеничката група на „Вреди“. „Во согласност со известувањето: пратеникот Беким Ќоку е назначен за координатор на пратеничката група на ВЛЕН. Заменици-координатори се пратениците Мерита Колчи Коџаџику и Аднан Азизи“, соопштија од Собранието. Сегашниот …

Continue Reading