Во стан во Центар во кој живееле турски државјани пронајдена автоматска пушка
Автоматска пушка и муниција се пронајдени во стан во Центар во кој престојувале турски државјани. Според информациите на МВР, вчера околу 21.50 часот во Скопје, полициски службеници од Единицата за недозволена трговија при СВР Скопје извршија претрес во дом на подрачје на Центар во кој престојуваат турски државјани, при што во помошна просторија се пронајдени и одземени автоматска пушка и …
Continue Reading
Неуспешен и 26-тиот обид за конститутирање на Парламентот на Косово
Констутитивната седница на косовскиот Парламент денес беше прекината по 26-ти пат поради недостаток на кворум за тајното гласање на пратениците за избор на претседател на Собранието. Конститутивната седница на косовското Собрание започна во 11:20 часот, а претседателот Авни Дехари ги замоли пратениците да седнат на своите места за да се утврди бројот на присутни. Откако беше утврдено дека има доволен …
Continue Reading
Динамо од Загреб доби нов тренер
Марио Ковачевиќ е новиот тренер на Динамо, објавија челниците на клубот од Загреб. Поранешниот стратег на Славен Белупо формално го презеде кормилото на тимот со кој ќе ги започне подготовките за новата натпреварувачка сезона на 18 јуни. Ковачевиќ доаѓа по забележителна сезона во која неговиот Славен Белупо стигна до финалето во Купот и го освои петтото место во првенството. Ковачевиќ …
Continue Reading
Приведен скопјанец: поседувал пиротехника без документација
Вчера во 11.20 часот на наплатна станица Сопот на автопатот Скопје-Велес, полициски службеници од СВР Велес го лишија од слобода К.П.К.(65) од Скопје. По претходно добиени оперативни сознанија и преземени мерки, извршен е преглед на патничко возило „опел“ со скопски регистарски ознаки, кое го управувал, при што се пронајдени и одземени 940 парчиња огномет за кои не поседувал соодветна документација …
Continue Reading
(Видео) Дали Македонија е пред државен банкрот, прашува Кузеска
Додека Мицкоски зборува за некаква силна економија, Македонија се наоѓа пред историски најсериозната економска и финансиска криза каква што не се памети во земјава од нејзиното осамостојување, истакна на прес-конференција Богданка Кузеска портпаролка на СДСМ. Владата, како што оцени таа, се наоѓа во сериозен кризен менаџмент, особено во Министерството за финансии. „Тоа што како печурки никнуваат разноразни аналитичари кои зборуваат …
Continue Reading
Сити го договори Рејндерс
Манчестер сити постигна договор со Милан за трансфер на холандскиот играч од средниот ред Тижани Рејндерс за сума од 55 милиони евра, објавија британските медиуми. Трансферот со бонусите би можел да се зголеми на 70.000.000 евра. Рејндерс ќе потпише петгодишен договор со англискиот шампион, под услов да ги помине медицинските прегледи. Договорот, исто така, вклучува дополнителни бонуси во зависност од …
Continue Reading
Кинескиот претседател: Белорусија е вистински пријател на Кина
Кинескиот претседател Шји Џјинпинг, примајќи го претседателот Александар Лукашенко денес, ја пофали Белорусија како вистински пријател и го повика овој руски сојузник да ѝ се придружи на Кина во отпорот кон „хегемонијата и малтретирањето“. Ова е прва посета на Лукашенко на Пекинг откако прогласи победа на претседателските избори во јануари, продолжувајќи го своето 31-годишно владеење во поранешната советска република. Белоруската …
Continue Reading
Идентификација на Извори на Загадување на Воздухот во Општина Струмица: Клучен Чекор кон Почист Воздух и Ефективни Политики
Што го загадува воздухот во нашиот град? Како дел од проектот „Зголемување на активностите за справување со загадувањето на воздухот“, студијата за идентификација на извори на загадување за Општина Струмица, е достапна на следниот линк: Струмица – https://cistvozduh.mk/…/11/SA-report-Strumica-FINAL-5.pdf Овие информации се од суштинско значење за развој на ефективни политики за квалитетот на воздухот, кои се неопходни за спроведување на Директивите …
Continue Reading
Масовна евакуација во Германија: американски бомби во центарот на Келн, 20.000 луѓе во опасната зона
Голем дел од центарот на германскиот град Келн беше затворен во средата, бидејќи експертите за експлозиви се подготвуваа да деактивираат три бомби останати од Втората светска војна. Операцијата во градот, каде што со години се пронајдени многу бомби, е една од најголемите досега спроведени, а на околу 20.000 луѓе им е наредено да ја напуштат областа, пишува Дојче Веле. Евакуираната …
Continue Reading