Неуспешен и 26-тиот обид за конститутирање на Парламентот на Косово


kosovo-sobranie.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Констутитивната седница на косовскиот Парламент денес беше прекината по 26-ти пат поради недостаток на кворум за тајното гласање на пратениците за избор на претседател на Собранието.


Конститутивната седница на косовското Собрание започна во 11:20 часот, а претседателот Авни Дехари ги замоли пратениците да седнат на своите места за да се утврди бројот на присутни.

Откако беше утврдено дека има доволен број пратеници во салата, Дехари истакна дека има кворум за одржување на седницата. Дехари потсети дека на претходните седници немало кворум за гласање за Комисијата за тајно гласање бидејќи претставниците на партиите ЛДК, ПДК, АБК-Нисма и Српска листа не предложиле членови на комисијата.

Тој ги повика претставниците на овие партии да го сторат тоа денес.

Откако ЛДК, ПДК, АБК-Нисма и Српска листа денес не успеаја да ги номинираат своите членови на Комисијата за тајно гласање, Дехари повика на гласање за Комисијата за тајно гласање и членовите номинирани од други партии.

53 пратеници гласаа „за“, еден беше против, додека немаше воздржани. Поради недостаток на кворум, седницата беше прекината и денес. Следната е закажана за петок во 11 часот.

Констутитивната седница започна на 15 април, но мандатите на пратениците беа потврдени само четири дена подоцна.

Од 19 април се прават обиди за избор на претседател на парламентот, но кандидатот на Самоопределување, Албуљен Хаџиу, не успеа да добие доволен број гласови.

По сите неуспешни обиди за јавни избори, Самоопределување предложи тајно гласање, но ниту овој предлог не доби поддршка од мнозинството пратеници.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK