Убиен шефот на Иранската револуционерна гарда

Генералот Хусеин Салами, врховен командант на Корпусот на Исламската револуционерна гарда (ИРГЦ) на Иран, е убиен во израелски воздушен напад, објавија повеќе ирански државни медиуми. Салами првпат се приклучи на Револуционерната гарда во 1980 година за време на избувнувањето на војната меѓу Иран и Ирак. Како што се искачуваше низ воените редови, стана познат по својата остра реторика против САД …

Continue Reading

(Видео) Нетанјаху: Удривме во сржта на иранската програма за нуклеарно оружје

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху потврди дека тие нападнале нуклеарни цели во Иран и најави дека операцијата ќе продолжи уште неколку дена. „Пред неколку моменти, Израел ја започна операцијата Rising Lion, целна воена операција за неутрализирање на иранската закана за самиот опстанок на Израел“, рече Нетанјаху во телевизиско обраќање. „Оваа операција ќе продолжи онолку дена колку што е потребно за да …

Continue Reading

Марко Рубио до Иран: Да бидам јасен – не ги таргетирајте нашите интереси или персонал, не сме вклучени во нападите

Израел го нападна Иран во четвртокот навечер, а иранските медиуми известија за експлозии во Техеран. Нападот се случува во време кога Американците се обидуваа да го принудат Иран да го запре производството на материјал за нуклеарна бомба. Израел соопшти дека прогласува вонредна состојба во очекување на нападите со ракети и беспилотни летала од страна на Техеран. Државниот секретар на САД, …

Continue Reading

Партизан ја освои АБА лигата

Кошаркарите на Партизан ја победија Будуќност од Подгорица во четвртиот натпревар од финалето на АБА лигата и ја освоија шампионската титула. Партизан против Будуќност победи со 90:75 и ја освои рекордната осма шампионска и повторно стана најтрофејниот тим во историјата на АБА лигата. На тронот црно-белите го наследија градскиот ровал Црвена звезда. Партизан од средишницата на втората четвртина ја презеде …

Continue Reading

„Уапсени се полицајци и полициски функционери кои биле на смена кобната вечер“: СДСМ ја поздрави акцијата на ОЈО ГОК за Кочани

„Ја поздравуваме вечерашната акција на Обвинителството за организиран криминал и корупција во која се лишени од слобода полицајци и полициски функционери кои биле на смена кобната вечер на 16 март во т.н. дискотека Пулс во Кочани“, соопшти СДСМ. „Фактот што четири месеци ВМРО-ДПМНЕ се обидуваше да ја сокрие одговорноста на полицајците и полициските функционери, фактот што нивната вина беше негирана …

Continue Reading

Приведени уште 13 полициски службеници за пожарот во Кочани

Во тек е акција под раководство на обвинител од Специјализираното одделение за полициски службеници, соопштија од Обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција. Уште 13 полициски службеници и началници се приведени во рамки на истрагата за пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани. Од Обвинителството најавија дека соопштение ќе има во текот на утрешниот ден.

Continue Reading

Трамп: Израел би можел да го нападне Иран

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека израелски напад врз Иран „може да се случи“, но не би го нарекол неизбежен и дека би претпочитал да избегне воен конфликт со Техеран и да преговара за мирно решавање на нуклеарниот спор. Коментарите на Трамп дојдоа откако нуклеарната агенција на ОН го обвини Иран за кршење на своите обврски за неширење на нуклеарно …

Continue Reading

Светските лидери изразија сочувство, Трамп понуди помош по падот на Боингот во Индија

Портпаролот на британскиот премиер изјави дека Кир Стармер му изразил сочувство на индискиот премиер Нарендра Моди по денешната авионска несреќа во Ахмедабад. Да потсетиме дека меѓу 242 лица на летот на Ер Индија до лондонскиот Гетвик имало 53 британски и 169 индиски државјани. Меѓу патниците имаше седум португалски и еден канадски државјанин. Нивната здравствена состојба сè уште е непозната. Португалскиот …

Continue Reading

(Видео) Египет апси и депортира стотици активисти кои сакаа да влезат во Газа

Стотици активисти кои се обидоа да учествуваат во Глобалниот марш за Газа се приведени во Каиро или депортирани, објавија денес организаторите на конвојот Сумуд и арапските медиуми. Египетското Министерство за надворешни работи соопшти дека нема да дозволи „конвојот на отпорот“ да го напушти Египет за Рафа без потребните дозволи. Околу 200 марокански, француски, алжирски, туниски, шведски, дански и други активисти …

Continue Reading