Севилја има нов тренер
Аргентинскиот тренер Матијас Алмеида е новиот шеф на стручниот штаб на фудбалскиот клуб Севилја. Клубот од Андалузија минува низ турбелентен период. Смени седум тренери за три години, а тоа се одрази и на резултатите, бидејќи во тие три сезони, Севиља не беше пласирана подобро од 12-то место, а минатата сезона на две кола пред крајот обезбеди опстанок. Затоа, не е …
Continue Reading
Глобалните трошоци за нуклеарно оружје се зголемени за 11 проценти во 2024 година
Трошоците за нуклеарно оружје од страна на деветте земји во светот со нуклеарно оружје ќе се зголемат за 11 проценти во 2024 година, според извештајот на Меѓународната кампања за укинување на нуклеарното оружје (ICAN) објавен денес. Годишното зголемување од 10 милијарди долари на 100,2 милијарди долари е потрошено за модернизација, а во некои случаи и проширување на нуклеарниот арсенал, според …
Continue Reading
(Фото) Герасимовски: Граѓаните со големи пофалби за новоизградената градинка Пролет
Вчера, во рамки на караванот „Се гледаме во маало“, градоначалникот Горан Герасимовски се сретна со жителите на населбата Пролет, каде пред само еден месец беше отворена најубавата и најмодерната градинка „Пролет“ во Македонија. Жителите на оваа населба упатија големи пофалби за новоизградената градинка, прва и единствена во Пролет која претставува вистински пример за современа детска заштита. Изградена според највисоки светски …
Continue Reading
Оставки од Тошковски и Јанев и кривична одговорност, бара СДСМ
Последната акција на ОЈО ГОК потврди сè. СДСМ ја говореше вистината за Кочани од првиот ден. Уапсените полициски службеници вчера се лица кои СДСМ ги објави во серијалот „Вистината за Кочани“ како директно одговорни за дозволување на нелегалното работење на „Пулс“, велат од опозициската партија. „Благодарение на објавените факти и притисокот, конечно се постапува. Но, останува фактот дека четири месеци …
Continue Reading
МНР со апел до македонските граѓани: Воздржете се од било какви патувања кон Израел и Иран
Во врска со информациите за влошената безбедносна состојба на Блискиот Исток, Министерството за надворешни работи и надворешна трговија апелира до сите македонски државјани кои се наоѓаат на територијата на Израел и Иран да ги следат националните портали за итни случаи и строго да постапуваат согласно упатствата на надлежните институции. Воедно, Министерството апелира до сите наши државјани да се воздржат од …
Continue Reading
Северна Кореја објави дека успешно лансирала воен брод во втор обид
Северна Кореја успешно го лансираше својот нов поморски разорувач од 5.000 тони, помалку од еден месец откако бродот се преврте за време на првото лансирање, објавија државните медиуми. Лидерот на земјата, Ким Џонг-ун, беше бесен поради неуспешното лансирање во мај и нареди итни поправки на воениот брод. Најмалку четири функционери, тројца од бродоградилиштето и еден висок воен функционер, беа уапсени …
Continue Reading
Анализа: Иран ќе го нападне Израел со сè што има
Ова е моментот од кој многумина на Блискиот Исток се плашеа со години, но исто така и го чекаа. Како што анализира „Скај њуз“, прашањето што сега станува клучно е: што следи? Израел долго време ги смета нуклеарните амбиции на Иран за егзистенцијална закана, и покрај тврдењата на Техеран дека неговата програма е исклучиво мирољубива. Иранските лидери постојано повикуваат на …
Continue Reading
Пад на гледаноста на натпреварите во Премиер лигата
Две години по ред, Премиер лигата ги рушеше рекордите на гледаност, но тој тренд не продолжи во сезоната која заврши пред еден месец. Англиските медиуми наведуваат дека главната причина е фактот што немаше неизвесност во борбата за титулата. Ливерпул го обезбеди првото место во трката со Арсенал прерано, веќе во април. Поранешниот четирикратен шампион по ред Манчестер сити исто така …
Continue Reading
Израелците масовно купуваат храна и вода: се подготвуваат за иранска одмазда
Репортерот на Би-Би-Си од Ерусалим известува дека Израелците масовно почнале да купуваат храна и вода, а полиците во супермаркетите брзо се празнат пред очекуваниот ирански одговор. Населението во поголемиот дел од земјата се разбудило околу 3 часот наутро кога се огласиле сирени и бил испратен телефонски аларм со предупредување за „значајна закана“, а граѓаните добиле инструкции да останат блиску до …
Continue Reading