Кај 57-годишник пронајдени два пиштоли и куршуми

Полициски службеници од СВР Тетово синоќа го лишиле од слобода 57-годишниот К.Д. од тетовското село Жилче, по пријава за пукање со огнено оружје. Како што информираат од полицијата, на 29 август во 23:40 часот, при преземените мерки во дворот на викенд-куќа биле затекнати четири лица. Кај К.Д. биле пронајдени два пиштоли и поголема количина куршуми, додека во дворот биле констатирани …

Continue Reading

Пронајдена 37-годишната Бугарка која исчезна на Шар Планина

Центарот за управување со кризи (ЦУК) информира дека попладнево е пронајдена  37-годишната бугарска државјанка која синоќа била пријавена за исчезната на Шар Планина и оти е во добра здравствена состојба. Таа била дел од група од четири странски државјани упатени кон Титов Врв. Трите лица од групата се вратиле во вечерните часови, при што констатирале дека жената не се вратила …

Continue Reading

Затвореник се качил на бандера, се фатил за жица под напон и починал

Трагичен настан се случил во Казнено-поправната установа „Идризово“, каде што животот го загубил 42-годишен маж. Како што информираат од МВР, на 29 август во 14:43 часот во СВР Скопје било пријавено дека во кругот на внатрешното шеталиште во установата, Н.И. (42) од село Тебреште се качил на бандера и се фатил за жица која била под електричен напон. При инцидентот …

Continue Reading

Муцунски на Бледскиот стратешки форум: Фокус на геополитичките промени, безбедноста и проширувањето

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, утре и задутре ќе учествува на 21. меѓународна конференција – Бледски стратешки форум, во Блед, Република Словенија. Во рамките на форумот, кој оваа година се одржува на тема „Моќта да ја обликуваме иднината“, министерот Муцунски ќе биде говорник на панел-дискусијата „Геополитички превирања: Централна и Југоисточна Европа во свет на коридори, безбедност …

Continue Reading

18 возачи лишени од слобода за едно деноноќие, девет возеле под дејство на алкохол

Во текот на изминатото деноноќие, на територијата на целата држава, полициски службеници лишиле од слобода 18 возачи поради сторени прекршоци од областа на сообраќајот, односно за „безобѕирно управување со возило“. Од нив, девет возачи управувале возило под дејство на алкохол, и тоа во Штип, Прилеп, Демир Хисар, Битола, Куманово и Неготино. Кај возач од Куманово биле измерени 1,57 промили алкохол …

Continue Reading

Србин фатен со дупло поголема брзина од дозволената,по еден месец пак го повторил делото

Српски државјанин е лишен од слобода на граничниот премин Табановце, откако полицијата утврдила дека во два наврати летово бил регистриран како сторител на кривично дело „безобѕирно управување со моторно возило“. Како што информира МВР, вчера (29.08.2026) во 23:20 часот, на излез од државата, полициски службеници го лишиле од слобода Д.П. (34) од Република Србија. При проверка на возило „Шкода“ со …

Continue Reading

(Видео) Армиски хеликоптер три часа гаснеше пожар на Пелистер, истурени 28 тони вода

Воздухопловниот ВИНГ на Армијата денеска беше ангажиран во гаснењето на шумскиот пожар во месноста Макази, на падините на Националниот парк „Пелистер“, во реонот на Општина Ресен. Како што информираат од Армијата , хеликоптер Ми-8МТ реализирал тричасовен налет, при што биле исфрлени 14 противпожарни ведра, односно вкупно 28 тони вода врз активните жаришта. Гаснењето од воздух се одвивало со истовремена поддршка …

Continue Reading

ДЗС со детали за автобусот на ЈСП кој се запали на Средно Водно, огнот го гаселе 7 пожарникари

Автобус на ЈСП „Скопје“, кој сообраќал на линијата број 25 кон Водно, денеска бил зафатен од пожар на видиковецот на Средно Водно. Од Дирекцијата за заштита и спасување објавија детали за интервенцијата. Во гаснењето на пожарот учествувале две противпожарни возила и седум пожарникари од Скопската бригада за противпожарна заштита. Благодарение на брзата и присебна реакција на возачот, автобусот бил паркиран …

Continue Reading

Се запали автомобил на крстосницата кај Мавровка

Автомобил се запали денеска на семафорите на крстосницата кај „Мавровка“. По интервенција на пожарникарите, пожарот е изгаснат, а на местото е присутна полиција. Засега нема детали за пожарот и за евентуално повредени лица.

Continue Reading