Трагичен настан се случил во Казнено-поправната установа „Идризово“, каде што животот го загубил 42-годишен маж.
Како што информираат од МВР, на 29 август во 14:43 часот во СВР Скопје било пријавено дека во кругот на внатрешното шеталиште во установата, Н.И. (42) од село Тебреште се качил на бандера и се фатил за жица која била под електричен напон. При инцидентот тој паднал, по што лекар од Итната медицинска помош констатирал смрт.
Од полицијата информираат дека се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.