До 18 часот вкупно 29 пожари на отворен простор, гори уште на 14 места
До 18 часот вкупно 29 пожари на отворен простор, од нив 14 активни, четири под контрола и 11 изгаснати. Како што информираат од ЦУК активни пожари има во Општина Василево, Радовиш и Берово – с. Нивичино (планината Голем Готен и Малешевските планини – нискостеблеста шума, смрека, грмушки и ниска вегетација), Општина Прилеп – с. Бешиште, Бешишки Рид, кон с. Градешница …
Continue Reading
Алиу ветува 205 милиони евра за болници кои инспирираат доверба, а не страв
Верувам дека здравството е повеќе од систем. Тоа е нераскинливо морално ветувањето што си го даваме едни на други: дека кога најмногу ни треба, ќе има некој тука за нас“, порачува во видео обраќање министерот за здравство, Азир Алиу. Тој нагласува дека тоа ветување денес има потреба да се врати во системот, но без импровизирани одлуки, туку со јасна визија. …
Continue Reading
Пожарот во кривопаланечкото село Нерав уште е активен, на терен се повеќе екипи
Пожарот во кривопаланечкото село Нерав уште е активен, на терен се повеќе екипи на територијалните противпожарни единици од Крива Паланка и Ранковце, припадници на МВР, на ЈП “Македонски шуми”- подрачно шумско стопанство Осогово, помагаат и мештаните, се на помош ќе пристигнат и припадници на АРМ, информира командирот на територијалната противпожарна единица од Крива Паланка, Иле Коцевски. Според првичните проценки, опожарена …
Continue Reading
Две лица загинаа на рели
Двајца гледачи загинаа, а еден беше тешко повреден во несреќа што се случи за време на релито во Пуи-де-Дом во Франција. Француската полиција објави дека за време на релито во близина на Амберт во централна Франција, еден од автомобилите излетал од патеката и удрил во гледачите. Две лица загинале на лице место, а еден гледач бил тешко повреден и префрлен …
Continue Reading
Тројца мажи завршија во болница поради топлотен удар во Кипар
Тројца мажи се хоспитализирани денеска во Лимасол и Никозија во Кипар поради топлотен удар, при што еден од нив е во критична состојба. Во исто време, двајца постари мажи, на возраст од 78 и 89 години, се хоспитализирани во Никозија во сериозна, но стабилна состојба. Уште еден 88-годишен пациент бил примен со симптоми на топлинска исцрпеност и е надвор од …
Continue Reading
Силувани деца на возраст од 3 и 10 години во Гостивар, мајката ги снимила и видеото го пратила на таткото
Основното јавно обвинителство Гостивар донесе Наредба за спроведување истражна постапка против мајка од гостиварско за која постои основано сомнение дека спрема нејзините две деца – девојче родено 2015 година и момче родено 2022 година, сторила кривично дело – Запуштање и малтретирање дете. Како што информираат од обвинителството таа исто така се сомничи и за – Производство и дистрибуција на детска …
Continue Reading
Македонски државјанин кој летувал во Саранда најден починат во стан
Македонски државјанин е пронајден без знаци на живот во стан каде што престојувал на одмор, во крајбрежниот албански град Саранда. Трагичниот настан, според полицијата, се случил на 26 јули, во населбата број 1 во градот. -Полицијата во Саранда објави дека жртвата, идентификувана како О. Ј. (20), била пронајдена од членовите на неговото семејство додека бил во станот каде што престојувал …
Continue Reading
Ангелов: До 13:30 часот се евидентирани 16 пожари на отворен простор
До 13:30 часот на 27 јули 2025 година, на територијата на државата се евидентирани вкупно 16 пожари на отворен простор, од кои осум се активни, шест се ставени под контрола и два се целосно изгаснати. Како што информира директорот на Дирекцијата за заштита и спасување Стојанче Ангелов најтежок е пожарот на Планината Готен. -Најсериозен и најкомплексен пожар со кој се …
Continue Reading
Мотоциклист тешко повреден во сообраќајка кај „Борис Трајковски“ во Скопје
Мотоциклист се здобил со тешки телесни повреди, а друг возач е полесно повреден во сообраќајна несреќа што се случила вчера околу 13:05 часот на крстосницата меѓу булеварот „Борис Трајковски“ и улицата „Трајко Иванов Љузе“ во Скопје. Како што информираат од СВР Скопје, во несреќата учествувале патничко возило шкода, управувано од 61-годишниот П.Б. од Скопје и мотоцикл јамаха, со кој управувал …
Continue Reading