ЕУ тврди дека „Тему“ не ја спречува продажбата на нелегални производи

Европската комисија соопшти дека популарната кинеска онлајн платформа „Тему“ ги крши прописите на Европската унија, бидејќи не презема доволно мерки за да ја спречи продажбата на нелегални и небезбедни производи на своите корисници. Доколку овие обвинувања се потврдат, „Тему“ би можел да се соочи со висока парична казна која може да достигне до 6 проценти од вкупниот нивен годишен глобален …

Continue Reading

Бијонсе, по седум години, го обедини „Дестинис чајлд“

Бијонсе го прослави крајот на својата рекордна турнеја „Каубој Картер“ со многу посебно обединување со своите колешки од бендот „Дестинис чајлд“. Таа ја спушти завесата од турнејата на спектакуларен начин кога бендот повторно се обедини за серија хитови. Поп-ѕвездата го одржа својот последен концерт на стадионот „Алегиант“ во Лас Вегас, а ѝ се придружија Кели Роуланд и Мишел Вилијамс. Последниот …

Continue Reading

Трамп го скрати рокот: Му давам на Путин уште 10 до 12 дена

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека го скратува претходниот рок од 50 дена што му го дал на рускиот претседател Владимир Путин за постигнување мировен договор со Украина – на само 10 до 12 дена. „Да, ќе поставам нов рок од околу 10 или 12 дена од денес“, рече Трамп пред новинарите додека говореше заедно со британскиот премиер Кир Стармер …

Continue Reading

Започна изградбата на пречистителната станица за отпадни води во Битола

Во општина Битола, денес беше одржан состанок, со кој се означи почетокот на реализацијата на проектот за изградба на пречистителната станица за отпадни води. Во присуство на претставници на Министерството за животна средина, Министерството за финансии, изведувачот на пречистителната станица конзорциумот Лантаниа-Стентон градба-Карканиас, избраниот надзор- фирмата Ептиса, претставници на КЈП „Нискоградба“ и претставници на општинската администрација, градоначалникот на општина Битола …

Continue Reading

Трамп: Ќе воспоставиме центри за храна во Газа

Американскиот претседател Доналд Трамп денес изјави дека во Газа владее вистинскa глад и дека САД ќе воспостават центри за храна во регионот. „Ќе воспоставиме центри со храна, без огради, за да се олесни пристапот“, изјави Трамп пред новинарите по средбата со британскиот премиер Кир Стармер во Тернбери, каде што Трамп поседува имот со голф игралиште. Тој додаде дека САД ќе …

Continue Reading

Хакери го нападнаа московскиот аеродром, откажани 60 летови

Неколку десетици летови од московскиот аеродром беа откажани денес поради сајбер напад од проукраински хакерски групи, објавија властите. Руската државна авиокомпанија „Аерофлот“ објави дека 60 летови од аеродромот Шереметјево се откажани поради прекини во ИТ системите. Експертите работат на рестартирање на серверите за да може да продолжи воздушниот сообраќај, додаде Аерофлот. Кремљ ги нарече извештаите поврзани со прекинот на воздушниот …

Continue Reading

Пожари беснеат на Балканот: илјадници се евакуирани, гори и во близина на популарна туристичка дестинација во Албанија

Пожарникарите денес се обидуваат да изгаснат шумски пожари во три одделни покраини во Турција, Грција, во близина на туристичка дестинација во Албанија, Бугарија, Македонија по неколкудневните интензивни горештини. Чад се издигаше над планинската црноморска покраина Карабук, околу 200 километри северно од главниот град Анкара, а пожарот, кој беснее веќе шести ден, принуди евакуација на повеќе од десетина села и опустоши …

Continue Reading

Тошковски од Охрид: Поголема контрола на водниот појас, зголемена е безбедноста на туристите

Mинистерот за внатрешни работи, Панче Тошковски, оствари работна посета на Секторот за внатрешни работи Охрид, Регионалниот центар за гранични работи Запад и Полициската станица за граничен надзор „Охридско Езеро“. Притоа ги посети на терен и полициските службеници од СВР Охрид кои патролираат со велосипеди низ градот, како и српските полициски службеници кои и оваа година учествуваат во заеднички патроли во …

Continue Reading

Францускиот премиер: Трговскиот договор меѓу САД и ЕУ е црн ден за Европа

Францускиот премиер Франсоа Бајру вели дека Европската Унија капитулирала пред заканите на американскиот претседател Доналд Трамп за зголемување на царините, нарекувајќи го рамковниот договор постигнат во Шкотска во неделата „црн ден“ за ЕУ, објавува The Guardian. „Тажен ден е кога сојуз на слободни нации, собрани за да ги потврдат своите заеднички вредности и да ги бранат своите заеднички интереси, се …

Continue Reading