Соопштение до јавноста: На 26 август детална Јавна презентација  на Проектот „Гасовод помеѓу Северна Македонија и Грција на територијата на Северна Македонија“

На 26 август 2025 година, во општина Гевгелија ќе биде одржана детална Јавна презентација за Проектот: „Гасовод помеѓу Северна Македонија и Грција на територијата на Северна Македонија“, во организација на Акционерско друштво за вршење енергетска дејност- пренос на природен гас „НОГОМАС“- Скопје во државна сопственост, а во соработка со Општина Гевгелија. Јавната презентација ќе се одржи во ЈОУ Пионерски дом …

Continue Reading

САД го потврдија своето учество на таканаречената Руска Евровизија, познато и кој пејач ќе ги претствува

Учеството на меѓународниот музички натпревар Интервизија во Русија го потврдија и САД, покрај 20 други земји од светот. САД ќе го испратат пејачот Брендон Хауард на натпреварот, кој ќе се одржи во Москва на 20 септември. Постојат шпекулации дека Хауард е син на Мајкл Џексон, иако нема докази што ги поткрепуваат овие тврдења. Меѓу учесниците се Белорусија, Киргистан, Венецуела, Куба, …

Continue Reading

Меџити: Старата Чаршија ќе стане вистински културен и економски центар на Скопје

Првиот заменик претседател на Владата и министер за животна средина и просторно планирање, Изет Меџити, заедно со министерот за култура и туризам Зоран Љутков, директорите на Национален Конзерваторски центар и Музејот на Северна Македонија, како и претставници на Еснафот, денеска претстави еден значаен проект кој претставува голем чекор за оживување на Старата Скопска Чаршија. „Започнуваме со чистење и уредување на …

Continue Reading

Изложбата „Македонска глаголица – Визуелни рефлексии“ на Лазе Трипков во рамките на Струшките вечери на поезијата

Во рамките на програмата на 64-тите Струшките вечери на поезијата во хотел Дрим беше отворена изложба „Македонска глаголица – Визуелни рефлексии“ – Лазе Трипков, кој е и автор на визуелните материјали, плакатот и изложбениот материјал на ова Фестивалско издание. На изложбата претставени се 10-тина графички дизајнирани плакати со македонската глаголица. „Моите дела се одредена рефлексија на тоа што треба да …

Continue Reading

Османи: Преку Филков, Мицкоски пушти пробен балон

Ексминистерот за надворешни работи и кандидат на ДУИ за градоначалник на Чаир, Бујар Османи, реагираше на изјавите поврзани со Бадентеровото мнозинство, оценувајќи дека тие се дел од стратегија за демонтирање на Охридскиот рамовен договор. Османи смета дека премиерот намерно им дозволува на министрите да даваат изјави како „пробен балон“, со цел да ја нормализира темата во јавноста, а потоа излегува …

Continue Reading

Леклер не верува дека Ферари сезонава може да заврши пред Мекларен

Шарлс Леклер, возачот на Ферари, изјави речиси да не постои шанса, неговиот тим да го победи во трка Мекларен оваа сезона. Мекларен се неверојатени оваа сезона, тимот победи на 11 од 14 трки во сезоната (две победи има Ферстапен, една Расел), со што ја „зацврсти“ првата позиција во конкуренцијата на возачи и во конкуренцијата на конструктори. Ферари се единствениот тим …

Continue Reading

Тудор: Преодниот рок мора да заврши пред почетокот на сезоната

Јувентус ќе го игра првото коло од Серија А во недела, пред стартот на сезоната на новинарите им се обрати тренерот Игор Тудор. Тој ја критикуваше моменталната организација на летниот преоден рок, кој и покрај тоа што сезоната започнува тој се уште трае. „Трансфер пазарот? Да бидам искрен, дури и не обрнувам внимание на шпекулациите бидејќи би полудел. Сосема е …

Continue Reading

Згаснаа животите на две девојчиња од Кичевско, се возеле со четирицикл и излетале од патот

Синоќа на локален пат во селото Колибари, Кичевско, се случи трагична несреќа со четирицикл. 15-годишно девојче од Колибари, управувајќи го возилото, изгубило контрола и излетало од коловозот. На местото на несреќата починале таа и нејзината малолетна сопатничка од село Грешница. Лекар ја констатирал смртта, а по наредба на јавен обвинител телата биле дадени на обдукција. На местото бил извршен увид.

Continue Reading

МВР трага по возач кој со автомобил удри во девојчиња на тротинет и побегна од местото на несреќата

Вчера во Скопје, на улицата Васил Ѓорѓов, се случи сообраќајна несреќа помеѓу „фолксваген голф“ и електричен тротинет управуван од 13-годишно девојче. Возачот на автомобилот по несреќата го напуштил местото на настанот. Малолетничката се здобила со тешки повреди, додека нејзината 12-годишна сопатничка добила телесни повреди. Двете се пренесени во Градска општа болница „Св. Наум Охридски“ за укажување на лекарска помош. Полицијата …

Continue Reading