Цените на нафтата паѓаат
Цените на нафтата паднаа под 61 долар на меѓународните пазари денес, поради мрачни проценки за вишок понуда и знаци за затоплување на односите меѓу САД и Русија што би можело да значи полесен пристап до руска нафта. На лондонскиот пазар, цената на барел по пладне беше за 72 центи пониска отколку на затворањето на трговијата на крајот од минатата недела, …
Continue Reading
Мојсоска: 3.000 гласа вредни како 30.000, нашата борба можеби е тешка, но е праведна
Скоро 3.000 гласа вредни како 30.000, со овие зборови Јована Мојсоска, актуелен пратеник и кандидатка за градоначалник на Струга, им се заблагодари на своите сограѓани за поддршката на локалните избори. Во објава на социјалните мрежи, Мојсоска порача дека секој глас добиен за Левица е „чист како солза“, без поткуп, уцени или закани, туку даден од искрена желба за подобро утре. …
Continue Reading
Најголема победа во првиот круг има Јане Мицевски во Сопиште со освоени 80,2% од гласовите, вети нов резервоар за вода
Кандидатот за градоначалник на Сопиште од ВМРО-ДПМНЕ, Јане Мицевски, извојува најголема победа во првиот круг на овие локални избори со освоени 80,2% од гласовите на жителите со право на глас. Од запишаните 5.483 гласачи во оваа општина, на гласање излегоа 2.937 жители, а за него гласаа 2.524. Тој на жителите на Сопиште им вети нов резервоар за вода, како еден …
Continue Reading
Телефонски разговор на Муцунски со министерката за Европа и надворешни работи на Албанија
Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, попладнево оствари телефонски разговор со министерка за Европа и надворешни работи на Република Албанија, Елиса Спиропали. „Двајцата соговорници изразија задоволство од одличната билатерална соработка и ја потврдија подготвеноста за нејзино понатамошно унапредување во сите области од заеднички интерес. Во таа насока, министерот Муцунски ѝ упати покана на министерката Спиропали за билатерална …
Continue Reading
Самитот Путин-Трамп во подготовка, Лавров и Рубио разговараа
Рускиот министер за надворешни работи, Сергеј Лавров, и американскиот државен секретар, Марко Рубио, кои се задолжени за подготовка на самитот меѓу претседателите Владимир Путин и Доналд Трамп, одржаа конструктивен разговор, објави руското Министерство за надворешни работи. Путин и Трамп се согласија во телефонски разговор минатиот четврток наскоро да се сретнат во унгарската престолнина Будимпешта за нивниот втор самит оваа година, …
Continue Reading
Утре променливо облачно време со температура до 18 степени
Времето утре ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Во крајните јужни и источните делови ќе има услови за слаб локален дожд. Ќе дува умерен ветер од јужен правец, информира УХМР. Минималната температура ќе биде во интервал од 3 до 10, а максималната ќе достигне од 13 до 18 степени. Во Скопје, сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува …
Continue Reading
Како крадците извршија смел грабеж на непроценлив накит од Лувр
Музејот Лувр во Париз ќе остане затворен и денеска по вчерашниот смел грабеж што ја потресе светски познатата институција. Посетителите кои чекаа во ред пред стаклениот влез се вратени, а на оние кои купиле билети ќе им бидат вратени парите, пишува Time. На крадците им беа потребни само неколку минути вчера за да го извршат грабежот, одземајќи накит од „непроценлива …
Continue Reading
Ѓорѓиевски доби поддршка од Меџити и Бакиу
Кандидатот за градоначалник на Град Скопје од ВМРО-ДПМНЕ, Орце Ѓорѓиевски, кој влезе во вториот круг од изборната трка, објави дека добил поддршка од новоизбраниот градоначалник на Чаир, Изет Меџити, и од кандидатот на коалицијата ВРЕДИ, Башким Бакиу. „Подадена рака! Денес остварив средба со новиот градоначалник на Чаир, Изет Меџити и со кандидатот за градоначалник на Скопје од Коалицијата ВРЕДИ, Башким Бакиу. …
Continue Reading
(Видео) Трајановски: Да покажеме дека Аеродром заслужува вистинско лидерство
Кандидатот за градоначалник на Општина Аеродром од СДСМ, Александар Трајановски, им се заблагодари на граѓаните за поддршката. „Благодарам за укажаната доверба и поддршка која ми ја дадовте во првиот круг од локалните избори. Вашиот глас е потврда дека промените за кои се залагаме во нашата програма се неопходни, и дека нашата визија за подобар Аеродром е заедничката цел која нè …
Continue Reading