Левица: Буџетот наместо развој, нуди нов циклус на задолжувања и безнадежност
Буџетот од 6,7 милијарди евра, најобемен во историјата на Македонија, кој како „развоен и стабилизациски“ документ до Собранието го достави владата на ДПМНЕ, Вреди и ЗНАМ не само што не е развоен, туку е длабоко потрошувачки и ризичен документ кој ја турка државата во нов циклус на задолжување без реален економски раст, велат од Левица. Според партијата, вака планираниот не …
Continue Reading
(Видео) Шампионска лекција за Лејкерси, Вориорс победија во Сан Антонио
Кошаркарите на Оклахома Сити Тандер играа против Лос Анџелес Лејкерс и ги декласираа со 121:92. По првата четвртина беше 30:18 за актуелните шампиони на НБА лигата, а на полувреме беше 70:38, со што беа решени дилемите околу победникот. Актуелниот MВП на лигата Шеј Гилџис-Александер беше првото име на дуелот со учинок од 30 поени, пет скока и девет асистенции. Исаија …
Continue Reading
„Поранешен градоначалник одбил функција во СДС, поради недоверба во лидерството на Филипче“, велат од ВМРО-ДПМНЕ
„Станува очигледно дека Венко Филипче нема капацитет да ја обедини сопствената партија, да ја реформира а уште помалку да понуди визија за државата. Со освоени само 120 илјади гласа и 6 општини партијата е во длабока политичка и организациска криза“, велат од ВМРО-ДПМНЕ. „Дека во СДС под водство на Филипче постојат длабоки поделби и несогласувања меѓу највисоките структури во раководството …
Continue Reading
Мајка убила деветгодишен син во близина на Трст
Страшна трагедија го потресе италијанскиот град Мугиа во близина на Трст, каде што мајка синоќа му го одзеде животот на својот деветгодишен син пресекувајќи му го гркланот во семејната куќа. Жената е од украинско потекло и била одвоена од таткото на момчето, а семејството, како што се испостави, било под надзор на судот и социјалните служби, пишува италијанскиот „Ил Месаџеро“. …
Continue Reading
(Видео) Страшна несреќа во Перу, автобус падна во клисура, најмалку 37 загинати
Најмалку 37 лица загинаа, а десетици се повредени во Перу откако автобус падна во клисура длабока околу 200 метри. Несреќата се случила во раните утрински часови на тежок дел од Панамериканскиот автопат, кој ги поврзува Перу и Чиле, во јужниот регион Арекипа, јавува Би-Би-Си. Според локалните медиуми, во автобусот имало 60 патници. Возилото се судрило со пикап на кривина, потоа …
Continue Reading
Тухел: Белингем и Фоден нема да играат заедно
Фудбалската репрезентација на Англија успешно ги финишира квалификациите за Светското првенство. Англичаните изборија место на Мундијалот, а од вечерва ги започнуваат подготовките за планетарната смотра. Во К групата, Англија во претпоследното коло ќе ја пречека Србија. Пред натпреварот на „Вембли“, селекторот Томас Тухел ѝ порача на англиската јавност дека Хари Кејн, Фил Фоден и Џуд Белингам не можат да играат …
Continue Reading
Божиновска и де Грут: Можности за големи енергетски инвестиции и зелена трансформација во Македонија
Министерката за енергетика, Сања Божиновска, оствари работна средба со потпретседателот на Европската инвестициска банка (ЕИБ), Роберт де Грут, кој ја надгледува активноста на банката во Западен Балкан, вклучително и Македонија. Средбата се одржа во рамките на посетата на потпретседателот де Грут на земјата, при што тој ја потврди својата поддршка за развојот на стратешки проекти во енергетскиот сектор. На средбата, …
Continue Reading
Скопје одбележува 81 година од ослободувањето
Скопје денеска одбележува 81 година од ослободувањето во Втората светска војна. Делегации од институции и организации ќе оддадат почит и ќе положат цвеќе на Партизанските гробишта во Бутел на Алејата на заслужните граѓани и на споменикот „Ослободители на Скопје” на платото пред владината зграда. На овој ден традиционално, Град Скопје ја доделува наградата „13 Ноември“ на поединци и институции кои …
Continue Reading
Честички од Сонцето создадоа геомагнетна бура: „Блу Ориџин“ го одложи испраќањето ракета до Марс
Геомагнетна бура на Земјата, предизвикана од голем налет на сончеви зрачења, привремено ја заземји ракетата на компанијата „Блу Ориџин“ што носи два сателити на НАСА дизајнирани да ги мерат вселенските временски прилики на Марс. „Блу Ориџин“ објави дека нејзината џиновска ракета „Њу Глен“ е подготвена за лансирање, што би била првата голема научна мисија на ниво на НАСА што вселенската …
Continue Reading