(Видео) Почина британскиот пејач Крис Рија: неговиот хит ги одбележуваше празниците со години

Британскиот пејач Крис Рија е најпознат по својот хит „Driving Home for Christmas“, кој е една од омилените божиќни песни на многу луѓе. Во соопштението во име на неговата сопруга и двете деца, пишува: „Со голема тага ја објавуваме смртта на нашиот сакан Крис. Тој почина мирно во болницата порано денес, по кратко боледување, опкружен со своето семејство“. За време …

Continue Reading

Сиљановска-Давкова ја прими албанската министерка Спиропали: Заедничката европска перспектива да стане реалност

Регионот како целина треба да се интегрира во Европската Унија без натамошно одложување, заклучија на денешната средба претседателката Гордана-Сиљановска Давкова и министерката за Европа и надворешни работи на Република Албанија, Елиса Спиропали, која престојува во официјална посета. Сиљановска-Давкова го поздрави напредокот на Албанија во пристапниот процес, укажувајќи дека во актуелниот геополитички контекст, напредокот на секоја земја има позитивен ефект врз …

Continue Reading

МЗШВ: Исплатени се 335.963.096 денари кон 1.211 сточари

Денеска е извршена исплата на средства во вкупен износ од 335.963.096 денари кон 1.211 сточари, согласно Програмата за финансиска поддршка во земјоделството за 2024 година, соопшти Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство. „Во однос на корисниците на кои не им се исплатени средства по основ на субвенции за 2023 година, информираме дека е потребно истите да се обратат до Агенцијата …

Continue Reading

ДПМНЕ пак дели тендери, фирмата на Нефи Усеини дел од колачот вреден 3 милиони евра, велат од СДСМ

Мицкоски и ДПМНЕ сите тендери ги собраа за себе, па почна да ги раздаваат. Фирмата на контроверзниот Нефи Усеини од Охрид, кадар на ДУИ, добила дел од тендерот вреден 3 милиони евра од Македонија пат, за зимско одржување патишта, истакнуваат од СДСМ. „Додека секој ден зборуваат за ДУИ пред граѓаните зад грбот им делат тендери. Никој не може да добие …

Continue Reading

Венс: Постигнат е голем напредок во мировните преговори за Украина

Американскиот потпретседател Џеј Ди Венс изјави дека е постигнат голем напредок во мировните преговори за Украина, но додаде дека сè уште не може со сигурност да каже дека е можно мирно решение, објави денес британскиот сајт „UnHerd“. Во интервју за оваа веб-страница, тој рече дека напредокот се состои во фактот дека сите прашања сега се дискутираат отворено. „Она што го …

Continue Reading

Утре променливо облачно, претпладне со појава на магла по одделни котлини

Утре променливо облачно, претпладне со појава на магла по одделни котлини. Попладне и во текот на ноќта ќе има повремени локални врнежи од дожд. На планините врнежите ќе преминуваат во снег. Минималната температура ќе биде во интервал од -3 до 3 , а максималната ќе достигне од 5 до 12 степени. Во Скопје, променливо облачно и тивко со појава на …

Continue Reading

Гаши-Спиропали: Албанија ќе продолжи да ја поддржува Северна Македонија во европските процеси со до конечно надминување на сите потешкотии

Претседателот на Собранието, Африм Гаши, денеска оствари средба со министерката за надворешни работи на Република Албанија, Елиса Спиропали. Гаши констатираше дека двете држави градат одлични билтерални односи, со интензивен политички дијалог и соработка во значителен број области од заемен интерес. Тој истакна дека се радува на прогресот што Албанија го има при процесот на приближување кон Европската унија и отворање …

Continue Reading

23 декември: Самостојна изложба на визуелниот уметник Иван Кал’чев – „Суисеки“

Утре, 23 декември 2025 година, со почеток во 20:00 часот, во Уметничката галерија „Амам“ во Гевгелија ќе биде отворена самостојната изложба на гевгелискиот визуелен уметник, Иван Кал’чев, посветена на уметноста на суисеки- древна визуелна и духовна практика која ја слави природата во нејзината најчиста форма. Настанот е дел од програмата „Гевгелија град на културата 2025“ и претставува значаен културен настан …

Continue Reading

Гаши – Јиан: Билатералните односи со Кина во духот на меѓусебно разбирање, почитување и конструктивна соработка

Претседателот на Собранието на Република Северна Македонија, Африм Гаши, оствари средба со Ли Јиан, генерален директор за европски прашања во Министерството за надворешни работи на Народна Република Кина. Посакувајќи му добредојде во законодавниот дом од името на пратениците, претседателот Гаши истакна дека и покрај географската оддалеченост, билатералните односи остануваат срдечни и продолжуваат да се развиваат во духот на меѓусебно разбирање, …

Continue Reading