Мицкоски: Националната развојна стратегија 2024 – 2044 е документ кој ја дефинира визијата на државата во следните две децении
Премиерот, Христијан Мицкоски во својство на претседател на Националниот совет за развој, денеска да ја отвори четвртата седница на Советот, кој според него, како постојано советодавно тело на Владата, има исклучително значајна улога во обликувањето на долгорочната визија и развојниот пат на државата. „Националниот совет за развој, како носител на управувачката структура во рамки на Националната развојна стратегија, претставува уникатен …
Continue Reading
Уапсен охриѓанец: бил агресивен и се заканувал на членови на семејството
Вчера во 09:50 часот на улица „Вангел Николоски“ во Охрид, полициски службеници од СВР Охрид го лишија од слобода С.К.(53) од Охрид. Полицијата постапила по претходна пријава дека во семејниот дом тој агресивно се однесувал и се заканувал на членови на семејството. Според МВР, по целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
Continue Reading
МВР: Отворено ново балистичко стрелиште за помодерна и поефикасна форензика
Денеска во Министерството за внатрешни работи беше отворено ново стрелиште кое што ќе осигура сите форензички испитувања на балистички докази поврзани со мало и лесно оружје да се спроведуваат во безбедна и сигурна средина, во согласност со меѓународните стандарди. „Потребата од вакво стрелиште е повеќе од јасна, бидејќи секоја полициска организација значително ја зголемува својата ефикасност кога располага со стрелиште …
Continue Reading
Трамп: Постои голема омраза меѓу Путин и Зеленски
Претседателот на САД, Доналд Трамп, изјави дека мировните преговори меѓу Украина и Русија се во тек и напредуваат „нормално“, но дека постои голема „омраза“ меѓу рускиот и украинскиот претседател, Владимир Путин и Володимир Зеленски. „Постои огромна омраза меѓу овие двајца лидери, Путин и Зеленски. Разговараме. Сè оди добро. Војната мора да престане“, изјави Трамп пред новинарите во неговиот имот Мар …
Continue Reading
Утре без вода дел од Центар
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека утре поради промена на вентил на кеј 13 – ти Ноември б.б – објект на Комерцијална Банка, без вода ќе останат дел од корисниците од ул. 13 – ти Ноември, општина Центар. Водоснабдувањето ќе биде прекинато во периодот од 09.00 часот па се до завршување на работата.
Continue Reading
УЈП со повик до организаторите на зелени пазари: да поднесат извештај за тековната состојба на корисниците на тезги за наредната година
Управата за Јавни приходи со потсетување до организаторите на зелен пазар, дека имаат обврска до УЈП да поднесат извештај за корисниците на продажните места на зелените пазари (образец ПДД-И/ЗП), преку системот https://e-ujp.ujp.gov.mk./ureg/login.seam. Извештајот ПДД-И/ЗП, како што е нагласено, се поднесува посебно за секој одделен зелен пазар. Доколку во текот на годината настане промена на бројот на корисници на зелениот пазар …
Continue Reading
Завршна фаза на градежните активности за изградба на паркинг простор и заштитна ограда на Средното општинско стручно училиште „Илинден“
Проектот за изградба на нов паркинг простор во рамки на Средното општинско стручно училиште „Илинден“ е во завршна фаза. Општина Илинден со оваа инвестиција овозможи паркинг простор на површина од приближно 550м², со капацитет за од околу 30 возила, кој ќе се користи за потребите на училиштето, со што ќе се овозможат подобри услови за работа и поголема сообраќајна уреденост …
Continue Reading
Проф. Иван Наумовски и неговите студенти со извонреден концерт во Гевгелија
Во концертната сала на хотел „Аполонија“- Гевгелија, на 18 декември 2025 година се одржа Концерт на проф. Иван Наумовски и неговите студенти, во организација на Здружението „Музички моменти“, по повод нивниот 25-годишен јубилеј од дејствувањето на јавната гевгелиска, музичка сцена. Настанот беше дел од манифестацијата „Гевгелија град на културата за 2025 година“ и привлече љубители на класичната музика од градот …
Continue Reading
Кисела Вода подготвува тридневна „Новогодишна приказна“ за граѓаните
Во Домот на култура „Билјана Беличанец“ денеска се одржа прес-конференција на која градоначалничката на Општина Кисела Вода, Бети Стаменкоска Трајкоска, заедно со дел од изведувачите, ја најави тридневната празнична манифестација „Новогодишна приказна“. Истата ќе се одржи од 28 до 30 декември во паркот „Шопен“. Настанот го модерираше Миро Кацаров, кој воедно ќе биде и водител на целата празнична програма, внимателно …
Continue Reading