Променливо облачно време со сончеви периоди


skopje-plostad.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Денеска во Македонија ќе преовладува променливо облачно време со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец.


Утринските температури се движат од минус три до три степени, додека максималните дневни ќе бидат меѓу девет и 16 степени.

Во Скопје, времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди и со слаб до умерен северен ветер. Минималната температура ќе се спушти до минус еден степен, а максималната ќе достигне до 15 степени.

Во следните денови продолжува периодот на променливо облачно време со сончеви интервали. На почетокот на новата седмица се очекуваат услови за повремени локални врнежи од дожд.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK