Влада: Донесена е одлуката за прогласување на кризна состојба во траење од 7 дена поради неможноста за набавка на мазут

Владата на денешната редовна владина седница, на предлог на Управувачкиот комитет за координација и управување со системот за управување со кризи донесе одлука за постоење на кризна состојба во снабдувањето со електричната енергија на целата територија на државата во рок од 7 дена од денот на влегување во сила на оваа одлука. „Како што информиравме во текот на претходните денови, …

Continue Reading

Ако ЕУ има решение за Украина и Молдавија, лесно ќе најде и за нас, пoрача Сиљановска-Давкова во годишното обраќање

Вистинската пречка за нашиот европски пат не се копенхагенските критериуми, ниту реформите, туку прифаќањето решенија и услови што не се врзани со владеењето на правото. Во случајот со македонските евроинтеграции, проблемот не е административен, туку лежи во уставните амандмани, потенцира претседателката Гордана Сиљановска-Давкова во годишното обраќање. Ние сме, додава таа, технички усогласен, но политички блокиран кандидат за членство, потсетувајќи на …

Continue Reading

(Видео) Филипче: Струјата поскапе поради катастрофалното менаџирање на ВМРО-ДПМНЕ

Претседателот на Социјалдемокрасткиот сојуз на Македонија, Венко Филипче, во денешната изјава за медиуми во Собранието, посочи дека причината за зголемување на цената на струјата е катастрофалното менаџирање на енергетскиот систем во земјата од страна на Владата на ВМРО-ДПМНЕ. „Ништо не е постигнато од проекциите и задачите кои што оваа влада си ги дала сама на себе. Треба да се произведат …

Continue Reading

Сиљановска-Давкова: Кочани нè доведе до ѕидот на срамот, од овој процес ќе зависи дали судството ќе ја стекне, или трајно ќе ја изгуби довербата на граѓаните

2025 ќе остане врежана во нашите мисли и срца како година на ужасната трагедија во Кочани. Сите ние до крајот на животот ќе ја носиме траумата од трагедијата во која загинаа 63 наши сограѓани, синови и ќерки, родители и пријатели, истакна во годишното обраќање во Собранието, претседателката Гордана Сиљановска-Давкова. „Но, Кочани не беше само трагедија. Тој настан нè доведе до …

Continue Reading

(Видео) Филипче за изјавите на Ахмети: Ако мисли да ја растура Македонија како што се фали за Југославија тоа нема да му помине

Сметам дека тие барања на Али Ахмети се само за негово лично политичко поентирање. Ние имаме одличен соживот со сите наши сограѓани од сите националности во нашата партија, во раководството на партијата. Има луѓе од другите етнички заедници нашиот мултиетнички, мултикултурен карактер нема да се смени ниту пак се негува на тој начин којшто предлага господинот Ахмети, изјави лидерот на …

Continue Reading

Mozzart во 2025: Година во знакот на хуманост

На крајот од 2025 година, компанијата Mozzart повторно ја потврди својата мисија – да биде таму каде што е најпотребно. Со дела што носат надеж, радост и иднина, Mozzart ја испиша оваа година како вистинска приказна за хуманост. Годината започна со блескавата победа на младата шампионка во боречки вештини Даниела Алекосовска, која со златото ја претстави Македонија на најубав начин. …

Continue Reading

ВМРО-ДПМНЕ: Имаме најниско покачување на струјата во Европа, СДС и Филипче треба да се извинат што го лажеа народот

Уште една лага на СДС распрсната, нема покачување на струјата како што тврдеа, имаме најниско покачување во Европа, велат од ВМРО-ДПМНЕ. СДС, додаваат од владејаќката партија, тврдеше дека државата ќе има поскапување на струјата од цели 5%. „Се потврди дека станува збор за уште една голема лага. Покачувањето е 2,28% и е најниско во Европа. Владата реши да ја субвенционира …

Continue Reading

На Клиниката за пластична хирургија извршени две сложени микрохируршки операции

На Универзитетската клиника за пластична и реконструктивна хирургија се извршени две исклучително сложени микрохируршки операции кои траеја од 6 до 12 часа и бараа највисок степен на подготовка, експертиза, прецизност и тимска координација, информираат од Министерството за здравство. Операциите, како што е соопштено, се извршени под менторство на проф. д-р Јан Јерун Вранкс од Белгија, истакнат европски и светски експерт …

Continue Reading

Германскиот министер за внатрешни работи: Имаме интерес криминалците да ја напуштат земјата; Германија депортираше маж во Сирија

За прв пат од почетокот на војната во Сирија во 2011 година, Германија депортираше сириски државјанин во таа земја, соопшти денес германското Министерство за внатрешни работи. Медиумите јавуваат дека станува збор за 38-годишен маж кој бил осудуван неколку пати за тешка кражба и нанесување телесни повреди. „Протераниот сириски државјанин беше предаден на властите во Дамаск утрово“, изјави портпаролот на министерството. …

Continue Reading