Претседателката упати порака за мир, а Дедо Мраз со хеликоптер стигна пред дечињата на припадниците на АРМ
Со видеоконференциска врска која ги премости километрите меѓу татковината и меѓународните мисии, денеска во касарната „Страшо Пинџур“ во Петровец, традиционално беше одбележан претстојниот почеток на новата година. Додека децата на македонските мировници во странство ги примаа своите новогодишни пакетчиња, државниот и воениот врв упати пораки на благодарност до припадниците на Армијата во Косово, Босна, Либан, Латвија, Романија, Бугарија и Германија. …
Continue Reading
Детали за пожарот во Јерковиќ: „Имаше многу оган, беше страшно, пожарникарите едвај стигнаа до пожарот“
Страшен пожар избувна во текот на ноќта во белградската населба Јерковиќ на Вождовац. Пожарот избувна на предниот дел од автомобилот „Ауди“ и се прошири на „Реното“ паркирано во близина, а според соседите, сцената беше морничава. Навистина гореше синоќа, пожарот ја зафати и оваа тераса веднаш до неа. Беше толку морничаво што сите се собравме утрово за да ја процениме штетата. …
Continue Reading
Две тела најдени во стан во Крушевац, сомнежот е дека мажот ги убил родителите со нож
Двојно убиство и самоубиство се случија утрово во семеен стан во Крушевац, а полицијата ги утврдува сите околности на овој случај. Според првите неофицијални информации од истрагата, млад човек извршил двојно убиство во семејниот стан, убивајќи ги своите родители со нож, по што извршил самоубиство скокајќи од зградата. Случајот е откриен откако соседите пријавиле дека на тротоарот пред зградата има безживотно …
Continue Reading
Мртов најден исчезнатиот маж од Кавадарци
Исчезнатиот кавадарчанец бил пронајден починат, информираа денеска од Секторот за внатрешни работи – Велес. -Вчера во 10 часот во ОВР – Кавадарци е пријавено дека во атар на село Куманичево, кавадаречко, е пронајден починат И.К.(66) од Кавадарци, за кој на 24 декември беше пријавено дека се оддалечил од домот. Лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт, а увид извршила увидна …
Continue Reading
Гевгелија во празничен ритам на првиот ден од Новогодишниот базар
Празнична магија и ведар дух го одбележаа првиот ден од повеќедневната програма за Новогодишниот базар, којшто се одржува на Градскиот плоштад, во организација на Општина Гевгелија. Низ објективот на фотографиите се доловува топлата атмосфера исполнета со насмевки, радост и креативност, кои го најавија доаѓањето на новогодишните празници. Во програмата активно учество зедоа учениците и наставниците од ООУ „Владо Кантарџиев“ и …
Continue Reading
(Фото) Добрина на дело: Чудната санка на Дедо Мраз дели пакетчиња во Скопје
Андреј Миневски и неговите соработници деновиве ги израдуваа дечињата од училиштето ОУРЦ „Иднина“, лицата од ЦПЛИП „Порака“ како и дечињата кои ги сретнаа попатно по скопските улици од социјално ранливи групи. Следно, в понеделник ќе ги посетат и дечињата од ОУРЦ „Златан Сремец“. Денеска , 27 декември, чудната санка и бучните ирваси ќе може да ги сретнете на следните локации: …
Continue Reading
Расте бројот на повредени во рускиот напад врз Киев
Бројот на повредени во рускиот напад со беспилотни летала и ракети врз Киев се искачи на 19, објави Укринформ. „Вкупниот број на повредени во главниот град сега е 19, од кои 11 се хоспитализирани“, напиша градоначалникот на Киев, Виталиј Кличко, на Телеграм. -Има и штети на станбени згради, градилишта и претпријатија. Како резултат на нападите, една третина од Киев остана …
Continue Reading
Две четиричасовни блокади на граничниот премин Евзони
Грчките земјоделци го затворија граничниот премин Евзони кон нашата земја за влез и излез од Грција за сообраќај на сите возила до 16 часот по грчко, односно 15 часот по македонско време, а за попладне планирана е втора четиричасовна блокада од 18 часот по локално време. По пауза од четири дена и отворени автопатишта и гранични премини за време на …
Continue Reading
Белата куќа ја потврди средбата на Трамп со Зеленски за утре
Американскиот претседател Доналд Трамп ќе се сретне со украинскиот претседател Володимир Зеленски утре на Флорида, соопшти Белата куќа. Според распоредот на американскиот претседател, билатералните разговори ќе се одржат во 15 часот по локално време во Палм Бич, Флорида. Белата куќа не издаде посебно соопштение во врска со ова, но во распоредот за викендот што го испрати до медиумите, го прецизираше …
Continue Reading