Тешко повреден возач во сообраќајна несреќа кај Струга

Вчера околу 15:10 часот, во ОВР Струга е пријавено дека на магистралниот пат А-2 патничко возило „фолксваген голф“ со струшки регистарски ознаки, управувано од 31-годишниот В.М. од село Франгово, струшко, излетало од патот. Возачот се здобил со тешки телесни повреди, кои му биле констатирани во Медицински центар Струга. На местото на несреќата увид извршила екипа од ОВР Струга.

Continue Reading

Пешак тешко повреден во сообраќајна несреќа кај Брвеница

На 26 декември 2025 година околу 06:45 часот на регионалниот пат Тетово – село Брвеница, патничко возило „пежо“ со тетовски регистарски ознаки, управувано од 20-годишниот Б.Н. од Тетово, удрило во 35-годишниот пешак Б.С. од село Брвеница. Пешакот се здобил со тешки телесни повреди, кои му биле констатирани во Клиничка болница Тетово. За настанот е известен јавен обвинител од Основното јавно …

Continue Reading

Граѓанската иницијатива „Стоп за Усје“ ги објави заедничките усогласени барања

Граѓанската иницијатива „Стоп за Усје“ ги објави заедничките усогласени барања, кои, како што велат оттаму, се направени во отворена координација со сите граѓани кои се вклучија во иницијативата. Барањата ќе бидат официјално доставени до сите надлежни институции за понатамошно постапување. Барањата ги пренесуваме во целост: 1. Мерната станица кај Усје, поставена од Општина Кисела Вода во 2023 г., да започне …

Continue Reading

Експлодирал бојлер во Свети Николе, тешко повреден е маж

Електричен бојлер експлодирал вчера изутрина, околу 6:45 часот, во стан во Свети Николе и сериозно го повреддил 49-годишниот С.П., кој живеел во станот со семејството, информира МВР во дневниот билтен. Поради повредите со возило на Итната медицинска помош С.Н. бил префрлен во болница кадер му е укажана лекарска помош. Случајот бил пријавен во СВР Свети Николе, и извршен бил увид …

Continue Reading

Таткото на загинатата Надица во „Пулс“: До последен здив ќе се борам за правда за моето дете

Александар Наунов, татко на Надица која го загуби животот во трагичниот настан во дискотеката „Пулс“ во Кочани, денеска се обрати пред јавноста, испраќајќи емотивна порака за загубата на својата ќерка и барањето одговорност за, како што рече, системските пропусти што довеле до трагедијата. Наунов истакна дека маршот е посветен на „ангелите“ кои ги загубија животите, а неговото обраќање дојде еден …

Continue Reading

Уапсени девет лица во Скопје, пронајдена дрога на повеќе локации

Полициски службеници од СВР Скопје во текот на ноќта меѓу 26 и 27 декември 2025 година лишиле од слобода девет лица на различни локации во Скопје, поради сомнение за поседување наркотични средства. Приведени се Б.М. (27), В.К. (46), Е.Ќ. (31), А.П. (28) и В.Н. (28), сите од Скопје, како и Д.Т. (31) од село Булачани, скопско, Б.И. (36) од Гостивар, …

Continue Reading

По рускиот напад над 2.600 станбени згради, 187 градинки, 138 училишта и 22 социјални згради се без греење во Киев

Околу 600.000 потрошувачи во Киев и околниот регион останаа без електрична енергија. Енергетските екипи се на терен и вложуваат максимални напори за што поскоро враќање на снабдувањето, објави премиерката на Украина Јулија Свириденко на социјалните мрежи. „Работиме на решавање на последиците од ноќниот напад врз Киев и регионот. Предупредувањето за воздушна опасност во Киев беше на сила 10 часа. Една …

Continue Reading

Зеленски ќе ја посети Канада на пат кон Флорида

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека на пат кон Флорида, каде што ќе се сретне со американскиот претседател Доналд Трамп, ќе ја посети и Канада, каде што ќе разговара со премиерот на земјата, Марк Карни. Како што објави Укринформ, Зеленски им изјавил на новинарите дека за време на неговиот престој во Канада е планирана и онлајн комуникација со европските лидери. …

Continue Reading

Ваташанец лишен од слобода, возел со 1,77 промили алкохол во крвта

Ваташанец бил лишен од слобода, возел со 1,77 промили алкохол во крвта, информираат денеска од Секторот за внатрешни работи Велес. – Утрово во 03:00 часот во Кавадарци, полициски службеници од ОВР Кавадарци го лишија од слобода Ј.М.(23) од с.Ваташа, кавадаречко. При сообраќајна  контрола на ул.„7 Септември“ во Кавадарци е сопрено патничко возило „шкода“ со кумановски регистарски ознаки, кое го управувал …

Continue Reading