Стармер до Трамп: Велика Британија нема да попушти

Британскиот премиер Кир Стармер изјави дека нема да попушти пред Доналд Трамп во врска со иднината на Гренланд и најави дека ќе биде домаќин на данската премиерка Мете Фредериксен во четврток. За време на сесијата за прашања на премиерот, лидерката на конзервативците Кеми Баденох изјави дека таа и Сер Кир се согласуваат дека „иднината на Гренланд треба да ја одлучат …

Continue Reading

Горан Ѓорѓиев е првиот Македонец регионален директор на Европскиот Центар за поддршка на светското извидништво

Горан Ѓорѓиев именуван за регионален директор на Европскиот Центар за поддршка на светското извидништво. „Сојуз на извидници на Македонија со големо задоволство информира дека Горан Ѓорѓиев од Македонија е именуван за регионален директор на Европскиот центар за поддршка при Светската извидничка организација. Неговото назначување е по одлука на Генералниот секретар на Светската извидничка организација, донесена по конкурентен меѓународен процес на …

Continue Reading

Мојсоска до Алиу: За прв пат доцни лек за хемофилија повеќе од шест месеци – кој ќе ја сноси одговорноста за нарушеното здравје на овие лица?

„Кога точно, односно кога најдоцна, лицата со хемофилија ќе го добијат лекот Фактор 8 и чија ќе биде одговорноста доколку здрастената состојба на овие лица се влоши затоа што се принудени да лежат во кревет поради тендер шемите на вашите директори?“ беше првото прашање што пратеничката Јована Мојсоска од Левица го упати до министерот за здравство, Азир Алиу на денешната …

Continue Reading

Минчев најави реформа во администрацијата: Нема доживотни функции, нема недопирливи

Министерството за јавна администрација денес ја започна јавната дискусија по нацрт-верзијата на Законот за високи раководители во органите на државната управа и фондовите – реформски закон со кој првпат се воспоставува единствена, јасна и мерит-базирана рамка за уредување на највисоките раководни функции во администрацијата. Министерот за јавна администрација, Горан Минчев, истакна дека законот се носи преку отворен, транспарентен и инклузивен …

Continue Reading

Трагедија кај Македонски Брод: Загина 41-годишна жена во сообраќајка, меѓу повредените и 6-годишно дете

Трагична сообраќајна несреќа вчера попладне го однесе животот на 41-годишна жителка од Кичево. Според извештајот на полицијата, несреќата била пријавена во 14:41 часот на локалниот пат кон селото Русјаци, во општина Македонски Брод. Патнички автомобил „цитроен“ со кичевски регистарски таблици, којшто бил управуван од К.С.С. (41) од Кичево, излетало од коловозот и се превртело. Од тешките повреди здобиени од ударот, …

Continue Reading

СДСМ: Општина Кисела Вода не е расчистена, туку е блокирана од снег

Информациите изнесени во соопштението на градоначалничката на Кисела Вода се комплетно неточни. Реалната состојба на терен е сосема поинаква, реагираат од Општина Организација СДСМ Кисела Вода. „Општина Кисела Вода не е расчистена, туку е блокирана од снег. Голем број улици се непроодни, нерасчистени и небезбедни за сообраќај и пешачење, особено во утринските часови. На терен не се забележува соодветна механизација, ниту пак …

Continue Reading

Гостиварец наседнал на лажна порака за пратка од „Пошта“, му украле 26.000 денари од картичката

Четириесет и двегодишен жител на Гостивар пријавил во полиција дека бил измамен за сума од 26.000 денари. Според пријавеното, тој добил СМС порака со линк наводно на „Пошта на Северна Македонија“ за ажурирање на податоци за достава на пакет. Како што е пријавено, верувајќи дека се работи за негова претходна нарачка, тој ги внел податоците од својата платежна картичка на …

Continue Reading

Камион падна во провалија кај Крива Паланка, возачот загина

Рано утрово во 04:50 часот во ОВР Крива Паланка е пријавено дека на магистралниот пат Граничен премин Деве Баир – Крива Паланка, во атар на село Узем, кривопаланечко, товарно возило „сканиа“ со косовски национални ознаки, управувано од Н.Х.(56) од Косово, излетало од патот и паднало во провалија. Од здобиените повреди на местото на несреќата починал возачот Н.Х., а лекар од …

Continue Reading

(Видео) Ѓорѓиевски: Скопје чисто и проодно, фрлени се 300 тони сол

Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, објави видео од чисти улици и кажа дека се фрлени 300 тони сол. „Скопје, чисто и проодно! Со навремена и организирана реакција, градските служби од раните утрински часови интервенираа ефикасно на сите клучни булевари и улици под надлежност на Град Скопје. Со употреба на повеќе од 300 тони сол, обезбедивме безбедно и непречено одвивање …

Continue Reading