Шолц повика на мирно решение на Косово: За мене е многу важно ситуацијата да не ескалира дополнително

Германскиот канцелар Олаф Солц синоќа повика на мирно решение на конфликтот меѓу Белград и Приштина, јавува „РТВ“. „За мене е многу важно ситуацијата меѓу Србија и Косово дополнително да не ескалира. Ние сакаме мирно решение и многу сме посветени на тоа. Германија, Франција и Италија се особено активни во ова прашање“, рече Шолц на заедничка прес-конференција со бугарскиот премиер Николај …

Continue Reading

ЕУ: Конфликтот во Украина и инфлацијата ги исцрпија резервите на долгорочниот буџет

Украинскиот конфликт го исцрпи буџетот на Европската унија, објави Европската комисија во објава на социјалната мрежа „Х“. „Конфликтот во Украина и инфлацијата ги исцрпија резервите на долгорочниот буџет на ЕУ. На Европската унија и се потребни повеќе средства за да може да одговори на кризи“, се наведува во соопштението. Како што претходно најави шефицата на Европската комисија, Урсула фон дер …

Continue Reading

Јапонија повторно се тресе, заблежано и помало цунами – нов силен потрес од 6,6 степени ја погоди азиската земја

Јапонскиот архипелаг Изу денеска беше погоден од земјотрес со јачина од 6,6 степени по Рихтер, а властите веднаш издадоа предупредување за цунами. Јапонската метеоролошка агенција соопшти дека епицентарот на земјотресот бил во морето на длабочина од 10 километри од Ториши, на околу 580 километри јужно од Токио. Земјотресот во Јапонија не е почувствуван на околните острови и во регионот на …

Continue Reading

Филмот „Вратената“ го отвора 11. Филмски фестивал за млади „Џифони Македонија“

Единаесеттото издание на Филмскиот фестивал за млади „Џифоини Македонија“, ќе биде отворено вечерва во 19 часот во киното „Милениум“ во Скопје, со проекција на филмот „Вратената“ (L’Arminuta) во режија на Џузепе Бонито. Проекцијата е од отворен карактер и не е наменета само за учесниците на фествалот. „Вратената“ е снимен според истоимениот роман на Донатела ди Пјерантонио. Улогите ги толкуваат: Аурора …

Continue Reading

Езеро се излеа во Индија – повеќе од сто исчезнати, има и мртви

Најмалку 14 лица загинаа, а 102 се исчезнати во североисточна Индија, кога поради обилните дождови се излеа езеро, предизвикувајќи поројни поплави по планинската долина. Катастрофата погоди повеќе од 22.000 луѓе, соопштија властите, и е последна во серијата смртоносни временски настани во планините во Јужна Азија, за кои се смета дека се предизвикани поради климатските промени. Акциите за пребарување се преземаат …

Continue Reading

Сончево со умерена, а на места повремено со значителна облачност, температурите од 6 до 31 степен

Времето денеска ќе биде сончево со умерена, а на места повремено со значителна облачност. Претежно во западните делови ќе има услови за краткотраен локален дожд и појава на грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 6 до 14, а максималната ќе достигне од 23 до 31 степен. Во Скопје ќе …

Continue Reading

Без струја денеска делови од општините Кисела Вода, Гази Баба и Карпош

„ЕВН Македонија“ известува дека денеска без електрична енергија ќе останат делови од општините Кисела Вода, Гази Баба и Карпош. Во периодот од 9 до 12 часот корисниците од улицата Волтерова, како и дел од корисниците од улицата Живко Фирфов во општина Кисела Вода, ќе останат без струја. Во периодот од 9 до 13 часот, без електрична енергија ќе останат корисниците …

Continue Reading

Прва седница на Анкетната комисија за случајот со Oнкологија

Во Собранието денеска ќе се одржи првата седница на Анкетната комисија за случајот со Онкологија. Комисијата ќе биде надлежна за утврдување на хронологијата на настаните и околностите во ЈЗУ Универзитетска клиника за радиотерапија и онкологија, односно, дали со скандалот биле загрозени основите човекови права на пациентите коишто се лекувале, политичката одговорност, како и изготвување заклучоци и препораки кои ќе имаат …

Continue Reading

САД им го испраќаат запленето иранско оружје на Украинците

САД испраќаат во Украина повеќе од милион парчиња иранска муниција кои беа запленети минатата година во водите на Индискиот Океан, соопшти вчера американската војска. Со години, американската морнарица запленува оружје за кое се верува дека доаѓа од Иран за борците поддржани од Иран во Јемен, обично транспортирано со рибарски чамци. Централната команда на САД, која е одговорна за воените операции …

Continue Reading