Четири хороскопски знаци добиваат пари до 14 февруари, и тоа не ситни суми
Меркур влезе во знакот Риби, а тоа астролошко движење им носи позитивен пресврт на некои знаци кога станува збор за парите. Не само што ќе имаат повеќе среќа, туку и планетите ќе ги поддржат во конкретизирање на нивните цели. До 14 февруари, овие знаци ќе бидат пријатно изненадени. Водолија Вашата сезона ви носи одлична можност да ги остварите соништата. Меркур …
Continue Reading
„Александар стигна до Индија, но се врати – време е да ветувањето да се оствари“, порача грчкиот министер говорејќи за сојузништво со Њу Делхи
Министерот за одбрана на Грција, Никос Дендијас, изјави дека Индија станала незаменлив партнер за Европа, потенцирајќи го нејзиното растечко стратешко и економско значење за Европската Унија, а особено за Грција. Говорејќи на Форумот Индија–ЕУ 2026, Дендијас нагласи дека перцепцијата за Индија во Европа со текот на времето значително се променила. „Во минатото Индија можеби беше сојузник кој беше убаво да …
Continue Reading
Земјотрес со јачина од 5,5 степени ја погоди Куба
Силен земјотрес со магнитуда од 5,5 степени според Рихтеровата скала денеска е регистриран во близина на Куба, објави Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар. Епицентарот на потресот бил во Карипското Море, на длабочина од 15 километри, на околу 82 километра од Гвантанамо и 45 километри од Баракоа. Според досегашните информации, засега нема пријави за штети или повредени.
Continue Reading
Канцеларијата на Далај Лама: Никогаш не сe сретнале со Џефри Епстин
Од канцеларијата на 14-тиот Далај Лама (Тенцин Ѓацо) денес соопштија дека духовниот водач никогаш не се сретнал со Џефри Епстин. Реакцијата следи откако кинески државни медиуми објавија дека неговото име се појавува во т.н. „Досиеја на Епстин“. Американското министерство за правда објави милиони документи, а според прегледот на агенцијата АФП, името на Далај Лама се споменува 154 пати, но не …
Continue Reading
Орбан: Украина е непријател додека бара ЕУ да ни ја укине руската енергија
Премиерот на Унгарија, Виктор Орбан, ја обвини Украина дека ѝ наштетува на неговата земја во Брисел и ја нарече „непријател“ „Украинците мора да престанат постојано да бараат од Брисел да го прекине дотурот на евтина руска енергија за Унгарија“, изјави Орбан на говор во градот Самботел, западно од земјата. „Сѐ додека Украина го прави тоа, таа е наш непријател“, додаде …
Continue Reading
Сопругата на Ноам Чомски се извини за тешката грешка во врска со Епстин
Ноам Чомски и неговата сопруга Валерија направиле „тешка грешка“ и биле „непромислени“ што не го истражиле доволно добро минатото на Џефри Епстин, наведе Валерија Чомски во опширна изјава. Таа додаде дека покојниот финансиер ги измамил и манипулирал со нив. Односот на 97-годишниот лингвист и филозоф со Епстин е под лупа откако документите на американското Министерство за правда открија нови детали …
Continue Reading
Украина демантира вмешаност во атентатот врз рускиот генерал
Украина не стои зад обидот за атентат врз генерал-полковник Владимир Алексеев, прв заменик-шеф на руската воена разузнавачка служба (ГРУ), изјави заменикот на украинскиот министер за надворешни работи, Андриј Сибиха, за „Ројтерс“. „Не знаеме што точно се случи со тој генерал, можно е да станува збор за внатрешен конфликт во Русија“, изјави Сибиха. Изјавата уследи откако руската Федерална служба за безбедност …
Continue Reading
Захарова: Неуспесите на бојното поле Киев ги заменува со терористички напади врз Русите
Портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова, изјави дека, свесен за сопствената неспособност да постигне резултати на фронтот, „киевскиот режим“ ги надоместува неуспесите со терористички напади врз цивили во Русија. „Онаму каде што сфаќаат – а секако сфаќаат – дека не можат да постигнат резултати на бојното поле, тие неуспеси ги компензираат со терористички напади врз цивили и …
Continue Reading
Пијан, 65-годишник од Свети Николе им се заканувал на синовите и го нападнал едниот
65-годишен жител на Свети Николе бил приведен откако во семејниот дом им се заканувал на своите двајца синови со остар предмет, а едниот од нив и физички го нападнал. Инцидентот се случил на 7 февруари околу 21:30 часот, а полицијата интервенирала истата вечер во 22:45 часот. По приведувањето било утврдено дека мажот бил под дејство на алкохол – измерени му …
Continue Reading