Полицијата денеска примила дојава дека се поставени бомби во повеќе училишта во Скопје.
Денеска, на електронска адреса на Министерството за внатрешни работи е добиена порака со закана за поставени експлозивни направи во повеќе училишта во Скопје.
„Веднаш по добиената пријава преземени се соодветни мерки и активности од страна на полициски службеници во внатрешноста и околу училиштата, при што е утврдено дека станува збор за лажна дојава за поставени бомби“, соопшти МВР.