Поради одрон во тунелот, сообраќајот на автопатот Скопје – Велес се одвива по една лента

Поради одрон во тунелот на автопатот Скопје-Велес, после Катланово, сообраќајот се одвива по една коловозна лента, информира АМСМ. Денеска и утре на Автопат А-1 делница клучка Миладиновци клучка Петровец ќе се одвива времена измена во сообраќајот поради технички зафат од ДПТУГ Електра Груп ДООЕЛ, кај клучка Аеродром во дневен период од 6 до 8 часа, сообраќајот ќе се одвива во …

Continue Reading

Обвинителството бара замена од затворски во куќен притвор за Артан Груби

Основното јавно обвинителство Скопје побара мерката притвор за поранешниот вицепремиер Артан Груби да биде заменета со куќен притвор. Ваквата одлука, Обвинителството ја донело врз основа на тоа дека се обезбедени голем број докази, дека истиот доброволно се пријавил на органите на прогонот, како и дека постојат индиции дека во притворското одделение не може да се гарантира неговата лична безбедност. „Основното …

Continue Reading

Рејтингот на Трамп достигна ново најниско ниво

Поддршката за американскиот претседател Доналд Трамп падна на најниско ниво во неговиот втор мандат, покажува нова анкета. Според анкета спроведена од The ​​Washington Post, ABC News и Ipsos, 60 проценти од возрасните Американци не го одобруваат работењето на претседателот, додека 39 проценти го поддржуваат. Истражувачите велат дека рејтингот на неодобрување од 60 проценти е највисок од нападот врз американскиот Капитол …

Continue Reading

Поранешен шеф на ДЕА: За фаќањето на Ел Манго заслужно е Мексико, а не Трамп и Америка

Соединетите Американски Држави се обидуваат да ја преземат заслугата за вчерашната операција предводена од мексиканските сили, изјави поранешниот шеф на Агенцијата за борба против дрога на САД. Синоќа насилството се прошири низ Мексико откако еден од најбараните мексикански нарко-босови, Ел Менчо, беше убиен во акција. Во разговор за канадската CBC News, поранешниот висок функционер на Администрацијата за борба против дрога …

Continue Reading

Повеќе од илјада луѓе заробени во зоолошка градина во Мексико, меѓу нив има и деца

Повеќе од 1.000 луѓе, вклучувајќи деца, беа заробени преку ноќ во зоолошка градина во Гвадалахара и беа принудени да ја поминат ноќта во автобуси поради насилството во областа. За потсетување, насилството се прошири низ Мексико синоќа откако еден од најбараните нарко-босови во Мексико, Ел Менчо, беше убиен. Повеќе од 50 луѓе беа убиени во последователните судири меѓу картелите и државните …

Continue Reading

Словачка го прекина снабдувањето со електрична енергија за Украина

Словачкиот премиер, Роберт Фицо, побара од операторот на електричната мрежа денес да го прекине снабдувањето со електрична енергија за Украина доколку протокот на нафта низ нафтоводот „Дружба“ не продолжи. „Од денес, доколку украинската страна се обрати до Словачка со барање за помош за стабилизирање на украинската енергетска мрежа, нема да добие таква помош“, рече Фицо во соопштението. Фицо рече дека …

Continue Reading

Нова услуга на ЈСП: Онлајн надополнување на картичката

ЈСП воведува нова услуга – онлајн надополнување на картичките за возење. „Од сега можете онлајн да ја надополните вашата картичка со билети и/или износ (средства) директно преку нашата официјална веб страна skopjebus.mk — без чекање, без редици и без одење до продажно место. Сè што ви треба е телефон или компјутер и неколку минути. Надополнувањето се прави од далечина, брзо и кога вам ви одговара, од …

Continue Reading

УЕФА го суспендира Престијани

Џанлука Престијани е суспендиран за реваншот од плејофот на Лигата на шампионите против Реал Мадрид. Денес, УЕФА потврди во официјално соопштение дека фудбалерот на Бенфика е суспендиран поради истрагата што е започната против него. Познато е дека Винисиус Жуниор го обвини Аргентинецот дека го навредувал на расна основа, УЕФА веднаш започна истрага, и иако таа не е завршена, има право …

Continue Reading

Во Италија пронајдени белешки на Мусолини од средба со Хитлер

Белешки од фашистичкиот диктатор Бенито Мусолини од средбата со Адолф Хитлер во 1944 година се пронајдени во Ииталија, објавија денес германските медиуми. Хартијата со белешките, за кои е недвосмислено потврдено дека се на Мусолини, била запленета од специјален тим карабинери пред документот да биде понуден на аукција во Торино. Документот потоа бил префрлен во Државниот архив во Рим. Специјалистите ги …

Continue Reading