(Видео) Бојковска: „Роамингот како дома“ станува реалност со ВМРО-ДПМНЕ

За Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ главен приоритет се интересите на македонските граѓани, направен е уште еден значаен чекор од кој директна придобивка ќе имаат токму граѓаните на Република Македонија. Станува збор за конкретен, видлив и практичен чекор кон европската иднина на Македонија, а тоа е приклучувањето кон иницијативата „Роаминг како дома“, изјави Драгана Бојковска, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ и …

Continue Reading

(Видео) СДСМ: Брисел бара измени на Законот за Судски совет

Уште една лага на Христијан Мицкоски за реформите е целосно разобличена. Брисел по скратена постапка бара измени на Законот за Судски совет, изјави генералниот секретар на СДСМ, Александар Саша Димитријевиќ. Тој оцени дека ова е уште една потврда дека власта погрешно го претставувала законот како доказ за реформски напредок. „Брисел по скратена постапка бара измени на Законот за Судски совет. …

Continue Reading

Филипче е усогласен со Радев и ги шири бугарските политики во Македонија, рече Лефков

Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Миле Лефков, на денешната прес-конференција упати остри критики кон претседателот на СДСМ, Венко Филипче, обвинувајќи го дека е целосно усогласен со ставовите на бугарските власти. „Филипче потполно усогласен со Радев и бугарските власти, како специјален бугарски пратеник шири нивни политики во Македонија“, рече Лефков.  Тој посочи дека додека во Европската Унија се разговара за пристапувањето на …

Continue Reading

МВР доби теренски возила и специјализирана опрема од ЕУ

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска се обрати на церемонијата за примопредавање на возила и специјализирана опрема за Министерството за внатрешни работи, обезбедени во рамки на регионалниот ИПА проект „Поддршка на ЕУ за зајакнување на борбата против криумчарењето мигранти и трговијата со луѓе во Западен Балкан (EU4FAST)“. Во рамки на донацијата беа предадени 30 алатки за проверка на документи, …

Continue Reading

Истанбул ќе биде домаќин на македонско-турски бизнис форум: Во фокусот инвестиции, енергетика и инфраструктура

Во петок во Истанбул ќе се одржи бизнис форум посветен на јакнење на економските врски и промоција на инвестициските потенцијали на Република Северна Македонија пред турската деловна заедница. Форумот има за цел да ги поврзе институциите и бизнис секторот од двете земји преку директни контакти и разговори насочени кон отворање нови можности за соработка и заеднички инвестиции. На настанот е …

Continue Reading

Ристов до комуналните претпријатија: Инвестирајте во мрежата, дигитализацијата и енергетската ефикасност за да ги намалите загубите на вода

За да се намалат загубите на вода, јавните комунални претпријатија (ЈКП) мора да инвестираат во инфраструктура, дигитализација и енергетска ефикасност – порача Ацо Ристов, претседател на Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ) на панелот ‚‚Користење на водоводната мрежа‘‘, во рамките на официјалното започнување на проектот „Отпорни и ефикасни комунални претпријатија во Македонија“. …

Continue Reading

Општина Центар: Модернизација на уличното осветлување и електричната мрежа на потегот од ООУ „Ј.Х. Песталоци“ до Романската амбасада

Општина Центар информира дека на 11.06.2026 година ЕВН започнува со реконструкција на мрежата за улично осветлување и електроенергетската мрежа за напојување на корисниците. Првата фаза од активностите ќе се реализира на потегот од ООУ „Јохан Хајнрих Песталоци“ до Романската амбасада, по што ќе следуваат и други фази од реконструкцијата. „Во рамки на активностите, секаде каде што е можно, старите дрвени …

Continue Reading

Вежба на МВР во Грачани, апел до граѓаните да ги почитуваат насоките на полицајците

Министерството за внатрешни работи извести дека утре (10.06.2026), во периодот од 12:00 до 13:00 часот, во атарот на село Грачани, скопско, ќе се спроведе симулациска вежба. За потребите на вежбата на терен ќе бидат ангажирани полициски службеници и службени возила, поради што е можно зголемено присуство на припадници на безбедносните служби во наведениот реон. „Апелираме до граѓаните кои ќе се …

Continue Reading

Трамп вели дека вложува „последни напори“ за договор со Иран, споменувајќи го рокот

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека американската дипломатија прави „последен притисок“ за постигнување договор со Иран, еден ден по невидените реципрочни напади од страна на Израел и Иран по договореното примирје пред два месеци. „Правиме последен притисок за она што ќе биде многу, многу добар договор“, рече Трамп, наведувајќи временска рамка од „два до три дена“ за договор. Тој исто …

Continue Reading