Петрушевски до Петровска: Единствено што направивте за земјоделието е бизнисот со марихуана кој го добиваа луѓе од вашата партија

Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Бране Петрушевски на собраниската седница се обрати до пратеничката од СДС, Славјанка Петровска која зборуваше за состојбите во земјоделието. Петрушевски истакна дека не очекувал, Петровска да се јави да зборува и критикува за земјоделието, додека поранешниот министер од редовите на СДС, Љупчо Николоски да не е присутен во салата. „Почитувана колешке, не очекував од вас дека ќе …

Continue Reading

Стојаноска до Тренчевска: Да имавте вие министер за земјоделие како што е Трипуновски сега немаше да седите во опозициските клупи

Пратеничката од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Дафина Стојаноска на денешната собраниска седница и реплицираше на пратеничката од СДС, Јованка Тренчевска и ја праша зошто доколку Љупчо Николовски бил добар како министер во нивно време го разрешиле, како и дали е скандал обелоденувањето на некој скандал и неговото побрзо заташкување со цел да се скрие некој партиски војник или да се обелодени …

Continue Reading

Јованчев: Интерпелацијата за министерот за земјоделство е обид за девалвирање на резултатите на Владата

На денешната собраниска седница се обрати пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Зоранчо Јованчев кој истакна дека целта на оваа интерпелација поднесена кон министерот за земјоделие е да се девалвира работата на министерот и Владата со изнесување на лаги и невистини. „Денес зборуваме за интерпелација на министерот за земјоделие поднесена од страна на опозицијата каде целта е единствено да се девалвира …

Continue Reading

Ангелова: СДС не може да ги поднесе резултатите на министерот Трипуновски во земјоделството, затоа поднесува интерпелација

На денешната собраниска седница се обрати пратеничката од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Емилија Ангелова која оцени дека интерпелацијата поднесена против министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Цветан Трипуновски е неоснована и упати критики кон СДС, посочувајќи дека токму во периодот кога тие биле на власт земјоделците се соочувале со неисплатени обврски, ниски откупни цени и незадоволство кое резултирало со протести. „Искрена …

Continue Reading

(Фото) Запуштен простор во Бутел прераснува во модерен мега парк – увид во градежните активности извршија градоначалниците на Скопје и Бутел

Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, заедно со градоначалникот на Општина Бутел, Дарко Костовски, извршија увид во градежните активности за изградба на нов мега парк долж булеварот „Христијан Тодоровски – Карпош“, на локација која со децении беше запуштена и претставуваше симбол на негрижа и неискористен потенцијал. Станува збор за капитален проект со кој некогашната депонија и запуштен простор ќе се …

Continue Reading

11 јуни: Годишен концерт на Школата за тапани во Гевгелија

Школата за тапани при ЈОУ Пионерски дом „Јосип Броз Тито“- Гевгелија го најавува својот традиционален Годишен концерт, кој ќе се одржи утре, 11 јуни 2026 година (четврток), пред платото на Народниот театар во Гевгелија, со почеток во 20:00 часот. Публиката ќе има можност да проследи разновидна музичка програма составена од соло тапанарски изведби, рок и поп композиции, како и атрактивни …

Continue Reading

Претставници на МВР од Одделот за внатрешна контрола во посета на албанската Агенција за надзор на полицијата

Делегација од Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди предводена од помошник на министерот м-р Ивица Станковски, во организација на DCAF, Женевски центар за управување со безбедносниот сектор, одржа работна посета на албанската Агенција за надзор на полицијата. Делегацијата на Одделот беше пречекана од директорот на Агенцијата за надзор на полицијата Клевис Ќосе. За време на посетата се …

Continue Reading

(Видео) Петровска: Трипуновски потона во скандали и корупција, а земјоделците останаа без субвенции и без пари

Пратеничката на СДСМ, Славјанка Петровска, на денешната собраниска седница за интерпелација на министерот за земјоделство Цветан Трипуновски порача дека зад гласните ветувања на Трипуновски останале само лаги, скандали, корупција и целосно разочарување кај земјоделците. „Велевте дека нема компромис со доброто на земјоделците, сточарите, нивните семејства. Ветувавте чуда, преродба, правна држава, систем. 3% од сето тоа кажано да го реализиравте, денеска …

Continue Reading

Изгоре плевна во Мислешево: пожарот зафатил и дел од куќа

На 09 јуни во 22:47 часот во ОВР Струга е пријавено дека во селото Мислешево, струшко, настанал пожар во плевна, кој зафатил и една соба од куќа. Повредени лица нема, а екипа од Територијалната единица Струга ги евакуирала станарите од куќата и домашните животни од плевната. Извршен бил увид од увидна екипа од ОВР Струга.

Continue Reading