Селма Хајек, која на почетокот на септември го прослави 60-тиот роденден, проговори за новото животно поглавје откако со сопругот Франсоа-Анри Пино се преселила во Париз.
Во интервју за „Д Кат“, кое го водела нејзината пријателка Анџелина Џоли, актерката рекла дека одлично се чувствува во шестата деценија од животот.
„Се чувствувам младо. Добро се чувствувам во овие години. Денес се чувствувам подобро од кога било“, рекла Хајек, додавајќи дека жените со возраста имаат сè повеќе да кажат и знаат појасно да се изразат, иако добиваат сè помалку можности да го направат тоа.
Хајек и Пино сега постојано живеат во Париз, откако нивните деца пораснале и повеќе не живеат со нив. Двојката има 18-годишна ќерка Валентина, а Хајек е и маќеа на трите деца на Пино од претходните врски. Неодамна станала и баба.
Актерката вели дека ужива во новиот живот во Париз и во времето со сопругот и децата.
„Ова е за мене целосно нов живот. Децата повеќе не живеат со нас, останавме сами“, рекла таа.
Хајек открила и дека се обидела да ја наговори Анџелина Џоли да се пресели во Париз. Џоли ѝ одговорила дека нивното пријателство многу ѝ значело во тежок период од нејзиниот живот и дека Хајек успеала да ја насмее.