Утре и во среда дожд, грмежи, силен ветер и појава на град

Утре и во среда под влијание на циклонска активност со центар во Турција ќе има развој на нестабилна облачност, проследена со дожд, грмежи и засилен ветер. Локално процесите ќе бидат поинтензивни со пообилен пороен дожд, силен ветер и појава на град. Минималната температура ќе биде во интервал од 11 до 19, а максималната ќе достигне од 28 до 36 степени. …

Continue Reading

Измените на Изборниот законик влегуваат во завршна фаза

Денеска се одржа десеттата седница на Работната група за реформи во изборното законодавство, на која продолжи разгледувањето на предлозите за измени и дополнувања на Изборниот законик во согласност со обврските од Реформската агенда. Членовите на Работната група ги разгледаа препораките на ОБСЕ/ОДИХР кои произлегуваат од претходните изборни циклуси, при што најголемиот дел од препораките за кои беше постигнат консензус се …

Continue Reading

Во реал политиката се соочуваме со политика на сила и потребна е одбрана, порача Сиљановска-Давкова на конференцијата на претседатели на врховни судови од Централна и Источна Европа

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова денеска се обрати на отворањето на конференцијата на претседатели на врховни судови од Централна и од Источна Европа, којашто ја организираше Врховниот суд во соработка со CEELI Институтот во рамките на Проектот на ЕУ за владеење на правото. Според неа, Врховните судови, како највисока инстанца во судската хиерархија, го гарантираат владеењето на правото и ја персонифицираат независноста …

Continue Reading

Навроцки до Зеленски: Знаеме колку штета ни нанесоа украинските националисти

Претседателот на Полска, Карол Навроцки, ги отфрли тврдењата на украинскиот претседател Володимир Зеленски дека спорот околу орденот на Белиот орел е поврзан со внатрешни политички конфликти во Полска и поттикнување антиукраински расположенија. Во интервју за украинската телевизија „TSN“, Зеленски ја коментираше одлуката за одземање на орденот на Белиот орел, највисокото државно одликување во Полска што претходно му беше доделено, тврдејќи …

Continue Reading

Кочоска призна дека во буџетот нема пари, ќе има ли за плати и пензии, прашуваат од СДСМ

Министерката за финансии Кочоска го потврди она што СДСМ го зборува изминатиот период – во буџетот нема пари. Целокупниот буџетски дефицит планиран за цела година е веќе потрошен за само 6 месеци, велат од СДСМ. „Со ребалансот, како што најави Кочовска владата уште повеќе ќе го зголемува дефицитот. Ова е потврда на се што СДСМ говори. Ветуваа намелен буџетски дефицит, …

Continue Reading

Минчев на ЦЕФ Форумот 2026: Реформите можат да создадат правила, технологијата може да создаде алатки, но луѓето се тие што создаваат резултати

Министерот за јавна администрација, Горан Минчев, денес учествуваше на ЦЕФ Форумот 2026 на тема “Управување во услови на неизвесност и градење отпорни јавни институции“, кој се одржа во Скопје под покровителство на Министерството за финансии, со учество на високи владини претставници, експерти и носители на политики од регионот и Европа. Во рамки на панел дискусијата посветена на лидерството и институционалната …

Continue Reading

Утре прекинато водоснабдување во делови од Центар

Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека утре поради изведување водоводен приклучок ф-80 мм на ул.Владимир Назор 14, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од ул.Владимир Назор и дел од ул.Кумровец. Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:30 часот до завршување со работните активности. (општина Центар).

Continue Reading

Toплотен бран во Европа, соборени рекорди: „Ова е само почеток“

Супер топлотен бран за кој се очекува да ги сруши рекордите за температура ја погоди Западна Европа. Половина од Франција е под црвена тревога, железничките услуги во Белгија се прекинати, а спортските настани во Шпанија и Германија се откажани или одложени. Франција под црвена тревога Француските власти издадоа највисоко ниво на црвена тревога за 49 од 96 континентални департмани, повикувајќи …

Continue Reading

Папата Лав: Светот ги разгорува конфликтите отколку што им помага на гладните луѓе

На светот му е полесно да ги „храни“ војните, отколку луѓето на кои им е потребна храна, изјави денес папата Лав XIV за време на посетата на Светската програма за храна (WFP) во Рим. „Конфликтите полесно се „хранат“ отколку луѓето на кои им е потребна храна. Оваа реалност не само што укажува на недостатоци во спроведувањето на помошта, туку и …

Continue Reading