Американските претставници: Иран сè уште има смртоносни воени капацитети

Американските претставници велат дека Иран сè уште има значајни воени капацитети, и покрај загубите за време на операцијата „Епски бес“. Сепак, тие исто така тврдат дека поморските сили и ракетните арсенали на Иран остануваат функционални. Иран сè уште има позначајни воени капацитети отколку што јавно признаа Белата куќа и Пентагон, според неколку американски претставници запознаени со разузнавачките информации. Според нивните …

Continue Reading

Трамп се обидува да ја „турне“ Италија на Светското првенство

Претставникот на Доналд Трамп побарал од ФИФА да го замени Иран со Италија на претстојното Светско првенство, објави во среда „Фајненшл тајмс“. Овој предлог наводно е обид за санирање на односите меѓу Трамп и италијанската премиерка Џорџа Мелони, по заладувањето предизвикано од критиките на американскиот претседател кон папата Лав во врска со војната со Иран, објави весникот повикувајќи се на …

Continue Reading

(Видео) Шеј и Канингем за лесни победи на Оклахома и Детроит

Лидерите во Источната и Западната конференција, Детроит и Оклахома, забележаа победи нд Орландо, односно Феникс, во вторите натпревари во плејоф сериите. Детроит изедначи на 1-1 против Орландо, додека Оклахома води 2-0 против Феникс. По поразот во првиот дуел, тимот на Детроит Пистонс одговори на предизвикот, но малкумина можеа да го предвидат она што се случи на теренот. По изедначено прво …

Continue Reading

Не се создадени услови за укинување на техничката влада и мора да остане, вели СДСМ

„Не се создадени услови за укинување на техничката влада, единствениот механизам за некаква контрола на изборниот процес и мора да остане. Целосно е окупиран правосудниот систем, воспоставена е контрола врз обвинителството и судството со обвинители и судии блиски до Мицкоски“, велат од СДСМ. „Премиерот Мицкоски јавно дели задачи од собраниска говорница, нарачува прогон врз опозцијата со неговите „чувства“. Институциите се …

Continue Reading

Израелски напад во Газа: Петмина мртви, меѓу кои три деца

Во израелски воздушен напад врз група цивили во северна Газа загинаа пет лица, меѓу кои и три деца, соопшти Палестинската агенција за цивилна одбрана во среда вечерта, додека израелската војска соопшти дека го проверува извештајот. „Пет Палестинци, меѓу кои и три деца, беа убиени во израелски воздушен напад врз група цивили во близина на џамијата Ал-Касам во Бејт Лахија“, соопшти …

Continue Reading

Познатиот историчар го „нокаутираше“ Трамп: „Наместо држава, добивме олигархија“

Познатиот американски историчар Тимоти Снајдер се појави на CNN со Кристијана Аманпур, каде што ја анализираше првата година од Доналд Трамп. Снајдер, експерт за авторитарни режими, го објасни својот концепт за „самоубиство на суперсили“, тврдејќи дека САД свесно преземаат чекори што ја прават земјата драстично послаба отколку што треба да биде. Поводот за гостувањето беше авторскиот напис на Снајдер со …

Continue Reading
Откако извиси за Кепа, Баерн тргна по голманот на Севилја

Директен судир на возови во Данска: неколку лица беа повредени

Два воза се судрија во Данска денеска, при што неколку лица беа повредени. Несреќата се случила во близина на Хилерод, северно од Копенхаген, потврдија локалните служби за итни случаи, објави Ројтерс. Фронтален судар „Два локални воза се судрија челно“, изјави портпаролот на противпожарната служба во поширокото подрачје на Копенхаген. „Има неколку повредени патници. Сите излегоа од возовите и никој не …

Continue Reading

Герапетритис: ЕУ би можела да добие нова членка во 2027 година

Грчкиот министер за надворешни работи Јоргос Герапетритис изјави дека постои можност барем една земја да се приклучи на Европската Унија во втората половина на 2027 година, објави „Политико“. Според него, ново проширување би можело да се случи за време на грчкото претседателство со Советот на ЕУ, но не прецизираше за која земја станува збор. Претходно, претседателот на Украина, Володимир Зеленски, …

Continue Reading

Некои републиканци се за помилување на Максвел ако проговори за педофилот Епстин

Некои членови на Одборот за надзор на Претставничкиот дом се отворени за можноста за претседателско помилување на Гислен Максвел, доколку тоа ѝ дозволи да споделува информации за Џефри Епстин, изјави вчера претседателот на комитетот Џејмс Комер за Политико. Во февруари, Максвел одби да сведочи пред Одборот за надзор на Претставничкиот дом и да одговара на прашања, повикувајќи се на Петтиот …

Continue Reading