Трамп планира нова огромна продажба на оружје за Израел: вклучува 40.000 тешки бомби


tramp-depositphotos_387920806_xl.webp
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Владата на американскиот претседател Доналд Трамп планира да му продаде на Израел пакет муниција во вредност од 2,8 милијарди долари, кој вклучува десетици илјади високоразорни бомби од 900 килограми, според изјава на американски функционер запознаен со продажбата.


Планираниот договор, за кој неофицијално се известени комисиите на Конгресот задолжени за надзор на големите продажби на оружје, опфаќа 20.000 бомби од типот МК-84 и 20.000 бомби од типот БЛУ-117, изјави функционерот, кој сакаше да остане анонимен. Веста за овој пакет првпат ја објави весникот „Вашингтон пост“. Стејт департментот и израелската амбасада сè уште немаат одговорено на барањата за коментар.

Пад на поддршката за Израел во САД
Јавната поддршка за Израел во САД е намалена од почетокот на војната во Газа во 2023 година, особено меѓу демократите. Анкетата спроведена од Универзитетот Квинипијак во јуни покажа дека 48 отсто од гласачите и 66 отсто од демократите сметаат оти САД му даваат преголема поддршка на Израел – што претставува пораст во споредба со 16-те и 20-те отсто забележани кога ова прашање првпат беше поставено во 2017 година.

Критики и последици од војната
Израел редовно користи бомби од 900 килограми во Газа и Либан, што предизвикува критики од експерти за човекови права, пренесува Ројтерс. Според здравствените власти во Газа, повеќе од 73.000 Палестинци се убиени во израелската воена кампања. Истрага на ОН заклучи дека Израел извршил геноцид во Газа – тврдење што Израел го отфрла.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK