По реакциите за билбордот, поставен нов – „Грешката е исправена, Градот не плаќа ништо“, рече Ѓорѓиевски
По бројните реакции во јавноста за билбордот на влезот во Скопје, градоначалникот Орце Ѓорѓиевски соопшти дека е поставен нов знак, а трошоците за неговата изработка и корекција ќе ги сноси компанијата што го изработила. Во објава на Фејсбук, Ѓорѓиевски порача дека „кој работи и греши“, додавајќи дека го радува што, според него, најголемиот проблем во Скопје е печатена грешка. „Тоа …
Continue Reading
Тинејџер и 15-годишна сопатничка тешко повредени во судир на мопед и автомобил кај Охрид
Двајца малолетници се тешко повредени во сообраќајна несреќа што се случила на локален пат во охридското село Долно Лакочереј, а кај возачот на автомобилот биле утврдени 1,20 промили алкохол во крвта. Како што соопшти МВР, несреќата била пријавена на 18 јули во 14:45 часот и се случила помеѓу патничко возило „фолксваген голф“ со охридски регистарски ознаки, управувано од К.П. (38) …
Continue Reading
Антонели победи во Спа Франкошамп
Андреа Кими Антонели, шестата победа во сезоната ја забележа на легендарната патека Спа Франкошамп. 19-годишниот Италијанец ја освои Големата награда на Белгија пред Шарл Леклер од Ферари и Макс Ферстапен од Ред Бул. Антонели уште еднаш имаше брилијантно издание, не потклекна ниту кога Леклер се стекна со предност, кога го искористи виртуелното возило за безбедност за да стави нови гуми …
Continue Reading
Отстранет билбордoт „Добредојдовте во Скопје“ по реакциите во јавноста
По 48 часа од неговото поставување, денеска е отстранет билбордот со натпис „Добредојдовте во Скопје“, кој предизвика голем број коментари на социјалните мрежи. Билбордот создаден со помош на вештачка интелигенција стана предмет на потсмев поради бројните визуелни аномалии. Најголемо внимание кај граѓаните предизвика приказот на коњот Букефал, кој беше нацртан со пет нозе, како и необичниот изглед на шлемот на …
Continue Reading
Мотоцикл удри во седумгодишно дете во Куманово
Седумгодишно дете е повредено во сообраќајна несреќа што се случила вчера на улицата „Бранко Богдански Гуцман“ во Куманово. Како што соопшти МВР, мотоцикл „БМВ“ со кумановски регистарски ознаки, управуван од Д.С. (32) од Куманово, удрил во детето. Во несреќата детето се здобило со повреди и било пренесено во Општата болница во Куманово за укажување лекарска помош. Увид на местото на …
Continue Reading
Разиграна и распеана Битолска чаршија со „Кафе Де Анатолија“ и „Диванхана“ на Локум фест Битола
Со претставувањето на етно проектот „Кафе Де Анатолија“, Били Естебан и Александар Јовевски, севдах бендот ,,Диванхана” од Сараево и дј сетот на Били Естебан, Локум фест и се оддолжи на битолската чаршија за сета радост и дух кој и го даде на овој фестивал кој точно пред 20 години започна токму тука. „Кога гледате радосни лица кои играат и се …
Continue Reading
Тринаесетгодишно девојче ја нападнало својата 72-годишна баба во Куманово
Седумдесет и двегодишна жена од Куманово пријавила во полиција дека била физички нападната од својата 13-годишна внука. Како што соопшти МВР, случајот бил пријавен на 18 јули во 21:30 часот во СВР Куманово. Според пријавата, инцидентот се случил во семејниот дом. Исто така, според пријавеното, малолетничката со остар предмет ѝ упатувала закани на пријавителката, како и на други членови на …
Continue Reading
Сите рекорди на Меси на светските првенства
Лионел Меси не се запиша меѓу стрелците во полуфиналната победа на Аргентина над Англија, но уште еднаш испиша историја на Светските првенства. Капитенот на Аргентина забележа две асистенции во големиот пресврт на својата репрезентација, со што вкупниот број негови асистенции на Мундијалите се искачи на 12. Дури 10 од тие 12 асистенции ги остварил во нокаут-фазата, а ниту еден друг …
Continue Reading
Русија тврди дека зазела уште едно село во Украина
Руското Министерство за одбрана соопшти дека руските сили ја презеле контролата врз селото Вилне во украинската Дњепропетровска област. Според соопштението, селото преминало под контрола на Москва. Пред почетокот на војната, Вилне имало околу 40 жители. Украинските власти засега не ја коментирале оваа информација.
Continue Reading