Цените на нафтата близу 105 долари

Цените на нафтата денес на меѓународните пазари останаа близу 105 долари, балансирајќи помеѓу навестувањата за нова рунда преговори меѓу Иран и САД и проценките за долгорочен процес на нормализирање на транзитот низ Ормутскиот теснец. На лондонскиот пазар, барелот се тргуваше попладне по речиси иста цена како вчерашната цена на затворање, на 104,90 долари. На американскиот пазар, беше за 1,78 долари …

Continue Reading

Уметникот Велимир Жерновски и кураторот Тихомир Топузовски на средба со Сиљановска-Давкова

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова денеска ги прими уметникот Велимир Жерновски и кураторот Тихомир Топузовски, во пресрет на нивното учество на 61. Биенале за уметност во Венеција. На средбата беа разменети мислења за концептот и подготовките на македонскиот павилјон, како и за уметничкото решение со кое ќе се претставиме пред меѓународната публика, на настанот што со децении ја возбудува светската културна сцена …

Continue Reading

Џек Николсон го прослави 89-тиот роденден, ќерка му сподели ретка фотографија од него

Џек Николсон го прослави својот 89-ти роденден со семејството и пријателите, а неговата ќерка Лорејн Николсон сподели ретки фотографии од легендарниот актер на Инстаграм. Лорејн, која го прослави својот 36-ти роденден на 16 април, објави неколку фотографии во чест на својот татко. На една постара фотографија, ѕвездата на филмот „Љубовта нема правила“ пуши пура, со краток натпис: „89?“. Друга фотографија …

Continue Reading

Утре сончево време со температура до 25 степени

Времето утре ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од северен правец, информира УХМР. Минималната температура ќе биде во интервал од 0 до 7, а максималната ќе достигне од 17 до 25 степени. Во Скопје, променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се …

Continue Reading

Мерц: ЕУ е подготвена постепено да ги ублажи санкциите врз Иран доколку се постигне сеопфатен договор

Лидерите на Европската унија одржуваат самит на Кипар со претставници од Египет, Сирија и Либан. Германскиот канцелар, Фридрих Мерц, им кажал на колегите дека ЕУ е подготвена постепено да ги ублажи санкциите врз Иран доколку се постигне сеопфатен договор, објави „Ројтерс“. „Ова е, така да се каже, дел од придонесот што можеме да го дадеме за да го унапредиме овој …

Continue Reading

„Рајанер“ ја затвора својата база во Берлин, ги преместува авионите во други земји

Нискобуџетната ирска авиокомпанија „Рајанер“ денес објави дека ќе ја затвори својата оперативна база во Берлин и ќе го преполови бројот на летови до и од германската престолнина во својот зимски распоред поради високи такси и даноци. Базата ќе се затвори на 24 октомври 2026 година, а сите седум авиони што моментално се наоѓаат во Берлин ќе бидат преместени на попристапни …

Continue Reading

Од шверц до естетски интервенции: под истрага мрежа што го загрозувала здравјето на граѓаните

Како резултат на повеќемесечна, темелна предистражна постапка под раководство на јавен обвинител од ОЈО ГОКК, Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал реализираше координирана и обемна акција за разбивање на организирана криминална група. Во рамки на акцијата, врз основа на претходно обезбедени судски наредби од Основниот кривичен суд, извршени се претреси на повеќе локации во Скопје, Струмица и Битола. …

Continue Reading

Доктори на скопските клиники, сопственици на дерматолошки ординации, уапсени 14 лица во акцијата на МВР: набавувале фалсификувани медицински лекови и помагала за да ги употребат на трети лица

Вчера од страна на Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал под раководство на јавен обвинител од ОЈО ГОКК, спроведена е полициска акција, при што сузбиени се организирани криминални групи инволвирани во извршување на кривични дела „злосторничко здружување“, „повреда на права од индустриска сопственост и неовластена употреба на туѓа фирма“ и „примање поткуп“, соопшти МВР. Во рамките на акцијата, …

Continue Reading

Алиу за акцијата на МВР: Најголем дел од здравствените работници чесно, совесно и стручно ја работат својата работа

Министерството за здравство информира дека останува цврсто посветено на принципите на стручност, законитост и правичност во функционирањето на здравствениот систем, велат од оваа институција за акцијата на МВР. Секое постапување спротивно на законските прописи и медицинските стандарди, додаваат од таму, ќе биде предмет на соодветни институционални постапки, во соработка со надлежните органи. – Безбедноста на пациентите и квалитетот на здравствените …

Continue Reading