Граѓаните кај своите матични лекари ќе може да потпишат изјава за согласност за органдонорство
На Електронскиот национален регистар на прописи (ЕНЕР) од денеска е достапен предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за земање и пресадување на делови од човечкото тело заради лекување. Министерот за здравство, Ази Алиу, вели дека од досегашната примена на законот произлегла потреба да се направат измени и дополнувања во насока на проширување на кругот на лица кои можат да …
Continue Reading
Шпанскиот премиер остро го критикуваше Нетанјаху
Шпанскиот премиер, Педро Санчез, денеска ја повика Европската унија да го суспендира Договорот за асоцијација со Израел од 1995 година, договор што ја регулира трговијата и политичката соработка, по новиот бран напади врз Либан. Санчез ги осуди, како што изјави, недозволивите кршења на меѓународното право од страна на Тел Авив. Во објава на социјалната мрежа X, Санчез напиша: „Денес, Нетанјаху …
Continue Reading
Екипажот на мисијата „Артемис II“: Ќе ни недостига заедништвото
Екипажот на „Артемис II“, враќајќи се дома по историското прелетување покрај Месечината што ги однесе подалеку од Земјата отколку што некогаш бил кој било човек, разговараше со уредничката за наука на Би-би-си, Ребека Морел, пишува Би-би-си. Астронаутите Кристина Кох и Џереми Хансен зборуваа за предизвиците на живеењето во затворени простори, клучните моменти од мисијата и спомените што ќе ги понесат …
Continue Reading
„Коруптивни шеми во јавните набавки во здравството воочени преку жалбите“, истражување на Центарот за граѓански комуникации
Центарот за граѓански комуникации денес го објави истражувањето за коруптивните шеми во јавните набавки во здравството воочени преку жалбите. Според нивното истражување, во 71 % од жалбите на фирмите се оспорува одлуката за избор на најповолна понуда, што укажува дека главниот извор на нерегуларности во здраствените тендери е евалуацијата на понудите како фаза со највисок ризик од фаворизирање на одредени …
Continue Reading
Цените на нафтата повторно растат поради сомнежите за прекин на огнот меѓу САД и Иран
Цените на нафтата денес повторно надминаа 97 долари за барел, поттикнати од сомнежите на инвеститорите за одржливоста на прекинот на огнот меѓу САД и Иран. Ситуацијата е дополнително комплицирана од фактот дека Ормутскиот теснец останува во голема мера затворен, што ја зголемува неизвесноста на пазарите, објавува Euronews. Цените се опоравија по падот на почетокот на неделата поради објавувањето на двонеделниот …
Continue Reading
Шефот на ОН за израелските напади врз Либан: „Недвосмислено ги осудувам масовните напади“
Генералниот секретар на Обединетите нации, Антонио Гутереш, ги осуди масовните израелски воздушни напади врз Либан, велејќи дека во нив се убиени и ранети стотици цивили, вклучувајќи деца, и уништена цивилна инфраструктура, објави новинската агенција ДПА. Гутереш „недвосмислено ги осудува масовните напади“, изјави неговиот портпарол Стефан Дужарик во соопштението во среда. „Генералниот секретар остро ја осудува загубата на цивилни животи и …
Continue Reading
Законот нема методологија за пресметка на платите во културата, истите се движат од 45 до 128 илјади денари, утврди Уставниот суд
Законот за култура нема конкретна методологија за пресметка на платите. Платата, како основно право од работен однос, не произлегува од закон туку од одлука и на овој начин правната сигурност и еднаквоста се доведени во прашање, утврди Уставниот суд. На 9. седница одржана на 8 април, Судот поведе постапка за оценување на уставноста и законитоста на Колективниот договор за култура, …
Continue Reading
Њујорчани протестираат против израелските воздушни напади врз Либан и Иран
Носејќи транспаренти, демонстрантите маршираа низ Њујорк во знак на протест против израелските воздушни напади врз Либан, откако стотици луѓе беа убиени во жестоки напади. Демонстрантите протестираа и против американско-израелските напади врз Иран. И покрај двонеделниот прекин на огнот меѓу САД и Иран, Израел продолжува да спроведува воени операции во Либан, вклучувајќи ги и најобемните координирани напади од почетокот на конфликтот. …
Continue Reading
Министерот Муцунски учествуваше на настан на Атлантскиот совет во Вашингтон
Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, во рамки на работната посета на Вашингтон, учествуваше и се обрати на настан организиран од Атлантскиот совет, посветен на трансатлантските приоритети на Република Северна Македонија. Во своето обраќање, министерот Муцунски ги истакна клучните надворешнополитички приоритети на државата, нагласувајќи ја посветеноста кон зајакнување на стратешкото партнерство со Соединетите Американски Држави, како и …
Continue Reading