Следува топлотен бран: Првата половина од август носи температури до 40 степени


depositphotos_539811324_xl-1.webp
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Времето утре ќе биде сончево и топло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен променлив ветер. Минималната температура ќе биде во интервал од 11 до 21, а максималната ќе достигне од 31 до 38 степени.


Во Скопје, сончево и топло со слаб променлив ветер. Минималната температура ќе се спушти до 18, а максималната ќе достигне до 35 степени, јавува УХМР.

Под влијание на топол бран во наредните денови следува период на сончево и многу топло време. Особено топло ќе биде во првата декада од месец август кога дневната температура локално ќе достигне 40 степени.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK