Одржана деветтата седница на Советот на Општина Струмица: Усвоен ребаланс на буџетот и повеќе одлуки за развој и услуги
Членовите на Советот на општина Струмица денеска ја одржаа деветтата седница на која расправаа и донесоа одлуки и решенија од повеќе области од делокругот на општината, општинските претпријатија и институции. Со мнозинство гласови беше усвоена предлог – одлуката за измена и дополнување на Буџетот на општина Струмица за 2026 година, како и предлог – програмите за измена на програмите на …
Continue Reading
(Видео) „Еден од најсмртоносните руски напади врз Киев“: најмалку 17 мртви, се шири морничава снимка
Во масовен напад врз украинските градови, Русија денеска ги таргетираше Киев, Днепар и Одеса со ракети и беспилотни летала, при што загинаа најмалку 17 лица, а повеќе од 100 беа повредени. Ова е еден од најсмртоносните руски напади врз украинските цивили во 2026 година, пишува The Kiev Independent. Украинските воздухопловни сили соопштија дека Русија лансирала вкупно 19 балистички ракети, 25 …
Continue Reading
Изложба „Етнографија во делата од колекцијата на Националната галерија“ во Чифте амам
Вечерва во 19 часо во Чифте амам ќе биде отворена изложбата „Етнографија во делата од колекцијата на Националната галерија“. Изложбата е поддржана од Министерството за култура и туризам за 2026 година. „Оваа изложба е проект која претставува своевидна синергија помеѓу етнологијата и ликовната уметност толкувајќи ги и разработувајќи ги етнографските елементи во овие уметнички дела создадeни кон крајот на 19 …
Continue Reading
Алиу: Нови програми за специјализации и супспецијализации – реформа за поквалитетен и поефикасен здравствен систем
Министерот за здравство, Азир Алиу, заедно со проф. д-р Светозар Антовиќ, декан на Медицинскиот факултет во Скопје, проф. д-р Невзат Елези, декан на Медицинскиот факултет во Тетово, проф. д-р Катерина Златановска, декан на Медицинскиот факултет во Штип и претседателката на Лекарската комора, проф. д-р Калина Гривчева Старделова, ги презентираа новините во здравствениот систем преку унапредување на програмите за специјализации и …
Continue Reading
Започнуваат конзерваторско-реставраторските зафати во црквата „Св. Константин и Елена“ во Мокрино
Со над 2 милионa денари, обезбедени преку унгарската кредитна линија, следната недела започнуваат конзерваторско-реставраторските зафати на ѕидното сликарство во црквата „Св. Константин и Елена“ во село Мокрино, Општина Ново Село, најави министерот за култура и туризам, Зоран Љутков, при денешната посета на сакралниот објект, заедно со директорот на Заводот и музеј – Струмица, Бранко Ѓоргиев, и градоначалникот на Општина Ново …
Continue Reading
Снимал на Криволак и објавувал видеа и слики на социјалните мрежи, полицијата го повика на разговор
Дваесет и едногодишен жител на Неготино снимал и фотографирал на Криволак, а потоа материјалот го објавувал на социјални мрежи. Според информациите на МВР, вчера во 13:40 часот, Д.К. (21) од Неготино е службено испитан поради сомнение за сторено кривично дело „неовластено влегување во воени објекти и изработка на скици или цртежи на воени објекти и борбена опрема“, казниво по член …
Continue Reading
Возило удри во бандера во Скопје: една жена тешко повредена, тројца со повреди
Една жена е тешко повредена, а тројца сопатници се здобиле со телесни повреди во сообраќајна несреќа што се случила вчера вечер во Скопје. Несреќата била пријавена околу 18:00 часот на улицата „Шабан Рамети“, каде Д.Д. (22) од Германија, управувајќи патничко возило „шкода“ со скопски регистарски ознаки, изгубил контрола и удрил во бетонска бандера. Во несреќата со тешки телесни повреди се …
Continue Reading
Мајка на ученик физички нападна учителка на родителска средба во Скопје
Мајка на ученик физички нападнала учителка на родителска средба во основно училиште на подрачјето на Општина Аеродром. Според информациите на МВР, вчера во 22:10 часот во СВР Скопје, К.К.Л. од Скопје пријави дека околу 17:00 часот во училница во основно училиште на подрачјето на општина Аеродром, додека заедно со нејзина колешка одржувале родителска средба, М.М.Г. од Скопје, инаку мајка на …
Continue Reading
Млад прилепчанец во три дена одзел картичка од малолетник, крадел од жена и аптека
Полицијата поднесе кривична пријава против С.А. (24) од овој град поради сомнение за сторени кривични дела „разбојништво“, „тешка кражба на дрзок начин“ и „кражба“. Според информациите, на 12 април 2026 година, пријавениот со употреба на физичка сила од малолетник одзел платежна картичка на неговиот татко и мобилен телефон. Претходно, на 9 април, од женско лице одзел чанта со пари, додека …
Continue Reading