Љутков: СДС може да оспорува, но Скопје 2014 денес е најпосетувана туристичка атракција

Криминалниот ум криминално размислува. Кога ќе останете без аргументи, најлесно е да измислувате приказни и да ги обвинувате другите. Тоа не ја менува вистината, напиша поранешниот министер за култура Зоран Љутков на социјалните мрежи откако пратеничката од СДСМ Бисера Костадиновска Стојчевска кажа дека партијата ќе бара повлекување на законот за Скопје 2028. „Госпоѓо Костадиновска-Стојчевска, додека бевте министер, ветувавте проект вреден …

Continue Reading

Измамени скопјани: инвестирале во крипто валути, но останале без пари

Вчера во 14:30 часот во СВР Скопје, 24-годишник и 20-годишник, двајцата од скопско, пријавиле дека биле измамени од Х.Д. за сума од 923.000 денари и 1.390.000 денари. Според пријавеното, Х.Д. ги убедил да инвестираат пари во крипто валути. Парите ги уплаќале во менувачница, по што им биле праќани известувања по меил дека парите се уплатени. Откако решиле да ги подигнат …

Continue Reading

Ветувал посредништво за туѓа нега и обезбедување социјален стан: измамник од Тетовско се стекнал со над 5. 000 евра

СВР Тетово поднесе кривична пријава против С.Р.(52) од с.Камењане, општина Боговиње. Тој се сомничи за сторено кривично дело „измама“. Имено пријавениот измамил едно лице за сума од 5.150 евра, ветувајќи му дека ќе посредува за остварување на право на туѓа нега за неговата сопруга, како и за обезбедување социјален стан.

Continue Reading

Тешко повредено деветгодишно дете по сообраќајка меѓу возило и електричен тротинет

Вчера околу 14:30 часот во СВР Скопје било пријавено дека на крстосница од сервисна улица и регионален пат Скопје-Тетово, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „форд“ со скопски регистарски ознаки, управувано од С.С.(67) од с.Арнакија, општина Сарај и електричен тротинет, управуван од деветгодишно дете од с.Арнакија. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобило детето, констатирани во Ургентен центар …

Continue Reading

Од „Рекет“ до уставен судија, вчера компромитирана, денес „истакнат правник“ во режија на ДПМНЕ, велат од Левица за изборот на Дика Георгиевска

ДПМНЕ, партијата што со најголема жестина ја претставуваше Мери Дика Георгиевска како симбол на компромитираното правосудство, денес со сопствени раце ја изгласа за чувар на Уставот. Со изборот на Мери Дика Георгиевска за уставна судијка, ДПМНЕ јавно ги погреба сопствените зборови, прес-конференции и сопствените обвинувања. Потешко политичко самопоништување одамна не е видено, велат од Левица. „Истата личност која и според …

Continue Reading

Хиларија Болдвин за нејзината борба со нарушување во исхраната: Ги броев калориите во пастата за заби

Нарушувањето во исхраната на Хиларија Болдвин било толку екстремно што во еден момент дури и ги броела калориите во пастата за заби. Инструкторката по јога и натпреварувачка во новата риалити серија на Fox „Nation’s Dumbest“ отворено проговори за својата 20-годишна борба во ексклузивно интервју за Page Six Radio на SiriusXM. „Поминав низ сè – анорексија, булимија, прејадување и гладување“, им …

Continue Reading

Божиновска–Варнс: Потврдено силното партнерство со САД, енергетската независност е клуч за стабилна и просперитетна држава

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, денеска оствари средба со вршителката на должност амбасадор на Соединетите Американски Држави во земјава, Никол Варнс. Главен фокус на средбата била динамиката во реализацијата на актуелните проектни активности на Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини, хармонизирањето на правната регулатива со европските стандарди, како и идните планови и проекти во енергетскиот …

Continue Reading

Во Кичево ќе се гради нова болница, инвестицијата е вредна 22,5 милиони евра

Заменик министерот за здравство, Јовица Андовски, градоначалникот на Општина Кичево, Александар Јованоски и директорката на Општа болница Кичево, Маја Цветановска Трајковска, заедно со делегација на Светска банка, ја посетија болницата во Кичево и го разгледаа концептот за изградба на нова болничка установа. Планираната инвестиција е проценета на околу 1,38 милијарди денари, односно 22,5 милиони евра. „Кичево со децении се соочува …

Continue Reading

ЛДП: Притисокот успеа, Скопје заслужува европска култура, а не европска престолнина на набавки зад затворени врати

Либерално-демократската партија (ЛДП) ја поздравува одлуката за тргање од дневен ред на спорниот Предлог-закон за проектот „Скопје – Европска престолнина на културата 2028“. Според партијата, ова е директна победа на силниот притисок од антикоруптивната јавност, ДКСК, граѓанските организации, како и пратеничката и лидерка на ЛДП Моника Зајкова, кои, како што велат, не дозволија по скратена постапка да се протурка закон …

Continue Reading