Писториус: Германија мора да направи повеќе за европската безбедност
Германија, како најголема економија во Европа, треба да направи повеќе за европската безбедност, изјави министерот за одбрана Борис Писториус. „Во контекст на својата големина, економска моќ и геостратешка улога, Германија има обврска да направи многу повеќе отколку што направи досега, не само за сопствената безбедност, туку и за безбедноста на цела Европа“, рече тој на индустрискиот саем во Хановер. Економската …
Continue Reading
Наполи жестоко го казни Лукаку
Наполи го казни Ромелу Лукаку со 150.000 евра, што е 20 проценти од неговата бруто месечна плата, објави „Ла Газета дело Спорт“. Како што стојат работите, разделбата на лето изгледа сè поизвесна. Белгискиот напаѓач се врати во Неапол од Белгија на почетокот на неделата, по повеќе од две недели отсуство без дозвола од клубот, и во таа прилика разговараше со …
Continue Reading
Калас: Ако борбите продолжат вечерва, цената за сите ќе биде многу висока
Високата претставничка на ЕУ за надворешна и безбедносна политика, Каја Калас, денес изјави дека во следните 24 часа очекува деблокирање на кредитот за Украина, кој беше блокиран од Унгарија. „По изборите во Унгарија има нов моментум и очекувам позитивна одлука за кредит од 90 милијарди евра во следните 24 часа“, изјави Калас по состанокот на министрите за надворешни работи на …
Continue Reading
Зајкова: Крај за двојните државјанства на функционерите, законот да важи еднакво за сите
„Нели ви е преку глава од дволичноста и двојните стандарди на „големите“ партии? Законот треба да важи еднакво за сите! Како што важи за претседателот на државата, за јавниот обвинител, за амбасадорите – така да важи и за сите избрани и именувани лица. Без исклучок. Од денес“, пишува во објава на социјалните мрежи претседателката на Либерално-демократската партија (ЛДП) и пратеничка …
Continue Reading
(Видео) Мицкоски ја фрла МРТ во канџите на фантом фирми: Левица со повик да се спречи изборот на Ристоски за директор на јавниот сервис
Во четврток ќе се бира нов директор на Македонската радио телевизија, а човекот кој Мицкоски и ДПМНЕ очекуваат да биде избран е Зоран Ристоски, долгогодишен сопственик на маркетинг агенцијата „Греј World Wide” која добива тендери од Државна лотарија, велат од Левица. Оваа партија предупредува дека изборот на Ристовски за директор на МРТ значи директно политичко влијание во јавниот сервис. „МРТ …
Continue Reading
„Индепендент“: Грчките власти ќе ги ослободат британските туристи од новиот систем за влез
Грчките власти одлучија да ги ослободат британските туристи од примената на новиот систем на Европската унија за регистрација на влез и излез (EES), со цел да се намалат толпите и да се олесни пристигнувањето на посетителите пред летната туристичка сезона, објавија денес британските медиуми. Според Грчката национална туристичка организација, оваа мерка има за цел да обезбеди „побрз и поефикасен влез“ …
Continue Reading
Зеленски: Нафтовод „Дружба“ е подготвен да продолжи со работа
Нафтоводот „Дружба“, кој транспортира руска нафта во Европа, е подготвен да продолжи со работа, изјави денес украинскиот претседател Володимир Зеленски, сигнализирајќи дека Киев сега очекува деблокирање на пакетот помош од 90 милијарди евра. „Украина ги заврши поправките на делот од нафтоводот „Дружба“ што беше оштетен во рускиот напад. Нафтоводот може да продолжи да работи“, напиша Зеленски на Икс. Прекинувањето на …
Continue Reading
(Видеo) Британски „Телеграф“: Пристигна „Челинџер 3“, смртоносно оружје за кое Путин нема одговор
Британските одбранбени претставници веруваат дека новата флота тенкови ќе надмине и ќе „надвладее“ се што рускиот претседател Владимир Путин може да распореди на бојното поле. Програмерите велат дека напредната одбрана на „Челинџер 3“ ќе може да се справи со напади со беспилотни летала, кои уништија тенкови на бојните полиња во Украина, додека неговиот нов модуларен оклоп ќе може да издржи …
Continue Reading
Мицкоски со владина делегација во Австрија: во фокусот продлабочување на билатералната соработка и актуелни прашања поврзани со Европа и регионот
Претседателот на владата, Христијан Мицкоски заедно со владина делегација престојува во официјална политичка и економска посета во Виена, Република Австрија, соопштија владините служби. Во рамки на посетата, Мицкоски ќе оствари средба со канцеларот на Република Австрија, Кристијан Штокер на која ќе се разговара продлабочување на билатералната соработка, како и за важни и актуелни прашања поврзани со Европа и регионот. После …
Continue Reading