„Летал“ на автопатот кон Гевгелија: 21-годишник фатен со 244 километри на час
21-годишен жител на Батинци е лишен од слобода синоќа, откако со возило марка „бмв“ се движел со брзина од 244 километри на час, што е двојно повеќе од дозволеното. Како што соопштија од Министерството за внатрешни работи, случајот е регистриран на 13 јуни во 20:00 часот на автопатот Скопје – Гевгелија, кај гевгелиското село Милетково, од страна на полициски службеници …
Continue Reading
Ниту еден од стартерите на Мароко не е роден во матичната земја
Со нерешениот резултат против Бразил (1:1) на Светското првенство во 2026 година, мароканската репрезентација не само што освои важен бод, туку и испиша единствена страница во фудбалската историја. „Атлас Лајонс“, кои на Светското првенство во 2022 година во Катар станаа првата африканска репрезентација што стигна до полуфиналето на Светското првенство, сега уште еднаш влего во историјата на Мундијалите. Мароко стана …
Continue Reading
По роденденот на ВМРО-ДПМНЕ следува реконструкција на Владата
Премиерот и претседател на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, денеска најави дека по одбележувањето на партискиот роденден на 17 јуни во Струмица, ќе започнат официјалните разговори со коалициските партнери за реконструкција на Владата. „Следната недела после роденденот којшто ќе биде на 17 јуни во Струмица со почеток од 20 часот на стадионот, после тоа почнуваме разговори со владините коалициони партнери околу реконструкцијата …
Continue Reading
Еврокомесарката Марта Кос на почетокот на јули доаѓа во Скопје
Еврокомесарката за проширување Марта Кос на почетокот на јули ќе ја посети Македонија. Во фокусот на разговорите се очекува да биде новиот нон-пејпер на германскиот канцелар Фридрих Мерц и францускиот претседател Емануел Макрон. Овој документ предвидува модел за забрзана и постепена интеграција на земјите кандидатки во ЕУ, што отвора нови можности за динамизирање на процесот. Премиерот Христијан Мицкоски денеска изјави …
Continue Reading
(Видео) Голем шумски пожар во Шпанија: изгореа 330 хектари, евакуирани жители
Големиот шумски пожар кој избувна во петокот во Ербон, на северот на Шпанија, и понатаму е активен и надвор од контрола. Огнената стихија досега проголта околу 330 хектари шума, а поради директна опасност евакуирани се десетина куќи и прогласен е втор степен на приправност, јавува Еуроњуз. Пожарот започнал во попладневните часови во петокот и продолжува забрзано да се шири, а …
Continue Reading
Иран се согласи да не произведува ниту да набавува нуклеарно оружје според нацрт-договорот, изјави ирански функционер за Ројтерс
Иран се согласи дека нема да произведува или да набавува нуклеарно оружје, според нацрт-меморандумот за разбирање постигнат меѓу иранските лидери и Соединетите Американски Држави, открива висок ирански функционер за новинската агенција Ројтерс. Според изворот, деталите за тоа што ќе се прави со постојниот збогатен ураниум на Иран ќе се решаваат во следните 60 дена по официјализирањето на почетниот договор. Техеран …
Continue Reading
(Видео) Младеновска: Платформата „Твоја држава, твоја шанса“ нуди нов пристап – плати што го следат животот, економија што работи за луѓето
„Македонската економија се распаѓа, граѓаните живеат се полошо и имаат помалку пари“ – ова денеска на прес-конференција го изјави Рената Младеновска, членка на Извршниот одбор на СДСМ. Според неа, државниот Буџет е веќе испразнет на средина од годината, при што планираниот годишен дефицит е пробиен за над 18 милиони евра. „Владата на Мицкоски создаде нов долг од 2,5 милијарди евра …
Continue Reading
(Видео) Петрушевски: Слугувањето на Филипче на официјална Софија му се удира од глава
„Венко Филипче и раководството на СДС заслепени од желбата за власт, а поради неможноста да дојдат до истата, бидејќи само тонат за што има и податоци, решително се ставија на страната на официјална Софија“ – ова денеска на прес-конференција го изјави пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Бране Петрушевски. „Тие како и да не разбираат дека токму држењето на оваа страна …
Continue Reading
Нова алатка против дезинформации: Уставниот суд ја промовира платформата „Дознај факти“
Уставниот суд од денеска ја пушта во употреба новата комуникациска платформа „Дознај ФАКТИ од Уставен суд“, наменета за навремено, точно и официјално информирање на граѓаните, медиумите и пошироката јавност. Како што соопштуваат од Судот, платформата е создадена како дел од заложбите на Судот за поголема транспарентност, отвореност и достапност на информациите од јавен интерес. Нејзината цел е да обезбеди проверени …
Continue Reading