„ДПМНЕ манипулира за наводен економски успех, зад пропагандата остануваат поскап живот, слаби инвестиции и 1,44 милијарди евра трговски дефицит“, велат од Левица

„ДПМНЕ повторно се обидува економската состојба во државата да ја сведе на неколку внимателно одбрани проценти, наредени во партиска графика и ослободени од секој контекст што би можел да им ја расипе приказната. Оние бројки што ДПМНЕ намерно ги премолчува кажуваат многу повеќе од самофалбите што ги сервираат. Впрочем, нема потреба ни од посебни анализи, доволно е да се прашаат …

Continue Reading

Вонредна дезинсекција во Драчево: Денеска акција против ларви, во петок третман против возрасни комарци

Центарот за јавно здравје, во соработка со Општина Кисела Вода, денеска спроведува вонредна акција за дезинсекција на подрачјето на населбата Драчево, со цел ефикасна заштита на граѓаните од комарци и спречување на нивното масовно размножување. „Денешната акција е фокусирана на сузбивање на ларвите, при што специјализираните екипи на терен вршат прскање со соодветен ларвицид во сите критични точки, каналите, застоените …

Continue Reading

(Видео) Штерјова: Изворот на труење не е ставен под контрола, има нови случаи на заболени и реинфекции во Гостивар

Додека граѓаните пет недела чекаат чиста вода има нови случаи на заболени во Гостивар – здравствената катастрофа не стивнува. Уште поалармантно е што според информациите кои стигнаа до нас, има случаи на реинфицирани граѓани – луѓе кои повторно се затруени и заболени, изјави Кети Штерјова од СДСМ. „Ова е сериозен аларм дека ризикот не е отстранет и дека изворот на …

Continue Reading

Роналдињо го презема кошаркарскиот клуб Монако?

Поранешната бразилска фудбалска ѕвезда Роналдињо и неговиот инвестициски фонд се заинтересирани да го преземат кошаркарскиот клуб Монако, кој е во сериозни финансиски проблеми. Информацијата ја објави францускиот L’Équipe, а доаѓа во време кога иднината на клубот од Кнежевството е целосно неизвесна. Монако минува низ една од најтешките финансиски кризи во својата историја. Долговите беа проценети на 24 милиони евра во …

Continue Reading

Херојот на Светското првенство заминува во ПСЖ за 55 милиони евра

Барселона и Пари Сен Жермен постигнаа принципиелен договор за трансферот на Феран Торес (26). Еден од хероите на Светското првенство на Шпанија сега е на еден чекор од заминување во Париз, а договорот вреди вкупно 55 милиони евра. Двата европски гиганти се согласија за клучните услови по интензивните преговори, пишува Catalan Sport. Преговорите не беа лесни. ПСЖ прво ѝ понуди …

Continue Reading

(Видео) Чаварија во Челзи, претставен со специјално видео

Откако потпиша за Челзи, Пеп Чаварија беше претставен во специјално видео во кое пие кафе. 🎥 Pep Chavarría’s welcome video featuring Alonso’s Cafe. (Source: @ChelseaFC) pic.twitter.com/SdBSfdv9Mr https://t.co/10qIL76xMs — Transfer News Live (@DeadlineDayLive) August 12, 2026 Челзи го донесе Пеп Чаварија од Рајо Ваљекано, а шпанскиот лев бек потпиша договор до 2031 година. Лондонскиот клуб ќе му плати околу 19 милиони …

Continue Reading

Џенифер Лопез го покажа своето тело во бикини на 57 години: Изгледа неверојатно

Џенифер Лопез повторно го привлече вниманието на јавноста, овој пат со серија фотографии на кои позираше во ретро бикини и покажа завидна фигура. Латинската дива, која го прослави својот 57-ми роденден во јули, блескаше во стариот холивудски стил на фотографиите. Посебен акцент стави на затегнатиот стомак, додека целиот стајлинг го комплетираше со очила за сонце и елегантна бела квадратна чанта. Лопез …

Continue Reading

ВМРО-ДПМНЕ: Кога сме кај одморите, чесно е СДС да каже каде е Венко Филипче, во Грција или во Бугарија?

Соопштението на СДС и Филипче утрово за семејниот одмор на премиерот Мицкоски е пример за тоа како делува талогот во СДС на ниски страсти и сеење на омраза, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ на соопштението од СДСМ. „Гостивар вода за пиење ќе има, наспроти стотиците сокриени случаи на загадена вода кога Венко како министер не реагирал и мува не го лазело. Но кога …

Continue Reading

ХЕРА Млади: 25% од учениците на возраст од 15 до 16 години се коцкале за пари во последните 12 месеци

По повод Меѓународниот ден на младите, младинската група на Асоцијацијата за здравствена едукација и истражување – ХЕРА Млади, заедно со Иницијативата „Фрли ја коцката!“ преку герила акција во Скопје го изразува својот револт од, како што велат, сè поголемата присутност и нормализација на коцкањето и обложувањето во секојдневието на младите. „Казина, обложувалници, онлајн платформи и реклами што ветуваат „брза добивка“ …

Continue Reading