СДСМ: ЗНАМ се распаѓа на сите нивоа, уште еден член ја напушти партијата

По пратеникот во Собранието Миле Цеков, уште еден член на ЗНАМ го напушта владејачкото мнозинство, овој пат советничката Мирјана Стеваноска на ЗНАМ во Советот на општина Прилеп, велат од СДСМ. „Оваа група, создадена од Максим Димитриевски, а финансирана од Мицкоски и ВМРО-ОКГ со единствена цел растурање на СДСМ, прво ја предаде својата матична партија, а потоа и своите гласачи со …

Continue Reading

Сељатин Бељули е именуван за државен секретар на МЖСПП

Министерот за животна средина и просторно планирање, Муамет Хоџа, денеска оствари средба со новоименуваниот државен секретар Сељатин Бељули, при што му посака успешна работа во Министерството. Бељули има повеќедецениско искуство во државната администрација. Во текот на својата кариера ја извршувал функцијата директор на Агенцијата за вработување, како и државен секретар во Министерството за образование и наука. Тој е дипломиран педагог …

Continue Reading

Поднесено обвинение за обезбедувачот на Мицкоски кој ја давеше сопругата

Обвинителството поднесе обвинение за телесна повреда против обезбедувачот на премиерот, Христијан Мицкоски, кој ја нападна својата сопруга. Според наводите во обвинителниот предлог, обвинетиот, по претходна вербална расправија во семејниот дом, физички ја нападнал сопругата, удирајќи ја по лицето и главата пред нивната малолетна ќерка, по што ја фатил за вратот и започнал да ја дави. Со дејствијата на обвинетиот, на …

Continue Reading

Левица: Фотоволтаиците открија колапс на електроенергетскиот систем, предлагаме интервентни мерки за стабилизација

Постоечкиот електроенергетски систем не е подготвен да се справи со зголеменото производство на електрична енергија од фотоволтаици, велат од Левица. Споед партијата, производството од фотоволтаици е променливо и непредвидливо, пред сѐ затоа што зависи од временските услови и од нивното управување од човечки фактор. Наместо да се направи адаптација на системот, смета Левица, институциите дозволија да се приклучуваат сѐ повеќе …

Continue Reading

Измамена велешанка: преку СМС добила порака за сторен сообраќаен прекршок

Вчера во 16:00 часот во СВР Велес, 43-годишна велешанка пријавила дека била измамена за сума од 16.592 денари. Според пријавеното, на 05.05.2026 добила СМС порака за наводно сторен сообраќаен прекршок кој требало да го плати. Во пораката имало линк од веб страна со насоки за плаќање и било наведено дека доколку ги следи упатствата ќе плати само половина од сумата …

Continue Reading

ПСЖ ќе им обезбеди на вработените бесплатен превоз и билети за финалето на ЛШ

Претседателот на шампионите на Европа повторно одлучи да ги награди сите вработени во ПСЖ. Париз Сен Жермен ќе им обезбеди на сите свои вработени бесплатно патување и билети за финалето на Лигата на шампионите против Арсенал во Будимпешта. Ова не е ништо ново или сензационално, со оглед на тоа што клубот од Париз веќе го стори тоа претходната година, кога …

Continue Reading

Со картичка и полномошното на покојниот сопруг подигала пари од банкомат: кривична за делчевка

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Делчево поднесе кривична пријава против Р.С.(54) од Делчево. Таа се сомничи за сторено кривично дело „оштетување и неовластено навлегување во компјутерски систем“. На 23.12.2025, искористувајќи ги податоците и полномошното на покојниот сопруг, пријавената со дебитна картичка подигнала готовина од банкомат, извршила други плаќања, а на 24.12.2025 ги довела во заблуда вработените во банката, без да …

Continue Reading

Мисајловски: Како НАТО членка нашата амбиција е да бидеме уште поактивно вклучени во европските одбранбени иницијативи

Денеска во Министерството за одбрана, министерот Владо Мисајловски се сретна со делегација од Европската Унија предводена од Космин Добран, директор на Директоратот за мир, партнерство и кризен менаџмент при Европската служба за надворешни работи (EEAS), каде беше потврдена взаемната посветеност во делот на зајакнување на одбранбената соработка. Средбата која беше иницирана од страна на Европската служба за надворешни работи, е …

Continue Reading

Допирал по телото малолетничка: уапсен 79-годишен скопјанец

Синоќа во 23:00 часот во Скопје, полициски службеници од СВР Скопје го лишија од слобода Д.Д.(79) од Скопје. Полицијата постапила по претходна пријава дека околу 15:00 часот во неговиот семеен дом тој ја допирал по телото негова малолетна сосетка. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветна пријава, соопшти полицијата.

Continue Reading