Мициќ сезонава ќе заработи богатство, има плата од 5,6 милиони долари
Евролигата влезе во ера на супер богати договори – платите на кошаркарите достигнуваат нивоа што до неодамна изгледаа незамисливи. Најновата листа на веб-страницата „Eurohoops“ открива дека за место меѓу десетте најплатени, потребно е да се заработат речиси три милиони долари нето годишно. На самиот врв е Василије Мициќ, кој по враќањето од НБА потпиша рекорден договор со Хапоел Тел Авив. …
Continue Reading
Локалната власт е одговорна за одржување на депонијата во Струга, порача Министерството за животна средина
Министерството за животна средина и просторно планирање потсетува дека управувањето со комуналниот отпад е законска обврска на општините. Од таму додаваат дека согласно Националниот план за управување со отпад 2021–2031 и регионалните планови, општините се должни да обезбедуваат собирање, транспортирање, селекција и расчистување на отпадот на нивната територија. „Во моментот се работи на воспоставување на регионален центар за обработка и …
Continue Reading
Алиу во Липково: Ќе ги разгледаме можностите за воведување ургентна стоматологија во Здравствениот дом
Министерот за здравство, Азир Алиу, денеска го посети Здравствениот дом во Липково, каде одржа средба со директорото, Евзи Исуфи. – Раководството на оваа установа, предводено од директорот Евзи Исуфи, има визија за долгорочно унапредување на здравствениот дом, што е во интерес на пациентите и на самите здравствени работници. Токму во таа насока, информиран сум дека со новиот буџет раководството на …
Continue Reading
Нов пристап и подобрена инфраструктура: Завршена изградбата на улицата „Новопланирана сервисна 2“ во Блок 5- „Касарна“
Во Урбан блок 5- „Касарна“ во Гевгелија е комплетирана изградбата и асфалтирањето на влезната улица „Новопланирана сервисна 2“. Со реализацијата на овој проект, Општина Гевгелија успешно исполни уште едно од приоритетните барања на жителите во овој дел од градот. Увид во реализираниот проект направи градоначалникот на општина Гевгелија, Андон Сарамандов. Новата улица значително го олеснува пристапот до домовите, создавајќи побезбедна …
Continue Reading
ВМРО-ДПМНЕ: Срамота е СДС да прави прес-конференции со измислени материјали
Срамота е СДС да прави прес-конференции со измислени материјали. Пораките за кои СДС зборува се тотална измислица и фабрикација на нивната кујна за лаги и манипулации, велат од ВМРО-ДПМНЕ за прес-конференцијата на СДСМ. „Лагите и манипулациите се најсилното оружје на СДС, таму најдобро се снаоѓаат во недостаток на конкретни политики. Да се излезе со фабрикувана порака на убиената Росица, со …
Continue Reading
Тешко повреден прилепчанец, повредена и неговата сопатничка: удриле во куче со мопедот и паднале на патот
Во Полициската станица Прилеп, вчера околу 18:10 часот било пријавено дека на ул.„Мице Козар“ во Прилеп, мопед со прилепски регистарски ознаки, управуван од Џ.А.(51) од Прилеп удрил во куче и паднал на коловозот. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот, а со телесни повреди се здобила неговата 15-годишна сопатничка, констатирани во Градската болница Прилеп. Извршен бил увид од …
Continue Reading
Прегазен маж во Струмичко
Вчера во 13:15 часот во СВР Струмица е пријавено дека на магистралниот пат Струмица-Граничен премин Ново Село кај с.Ново Село, патничко возило „фолксваген пасат“ со струмички регистарски ознаки, управувано од Т.А.(33) од с.Зубово удрило во пешакот Ж.Ј.(47) од с.Габрово. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил пешакот, констатирани во Медицинскиот центар Струмица. Извршен бил увид од увидна екипа од …
Continue Reading
Полицаец купил возило кое се расипало, па упатувал закани кон сопственикот на сервисот за продажба
Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при МВР до надлежното Основно јавно обвинителство Велес поднесе кривична пријава против С.А., на работно место полицаец во Полициска станица од општа надлежност Велес. Тој се сомничи дека сторил кривично дело „загрозување на сигурноста“ по член 144 став 2 во врска со ст.1 од Кривичниот законик. С.А. на 31.08.2025 со намера …
Continue Reading
Почина турски државјанин: на Клиника бил донесен со тешки повреди
Вчера околу 16:40 часот во СВР Скопје од Комплексот клиники „Мајка Тереза“ е пријавено дека со приватно возило од едно лице кај нив со тешки телесни повреди бил донесен М.А.О.(61) од Р.Турција. Откако го оставило повредениот, лицето со возилото заминало. Повредениот околу 19:30 часот починал, а лекар констатирал смрт. По насоки на јавен обвинител, телото на починатиот било предадено на …
Continue Reading