Чадот во Скопје доаѓа од пожарот на планината Жеден, извести Ангелов
Мирисот на чад којшто се чувствува во некои делови во Скопје доаѓа од пожарот на планината Жеден, некаде во атарот на село Бојане, пожар којшто од тетовска страна, сега полека се префрла кон скопската страна, извести директорот на ДЗС, Стојанче Ангелов. Пожарот е на тешко пристапен терен, а на негово гаснење работат пожарникарите од Тетово, како поддршка на скопските пожарникари, …
Continue Reading
Сиљановска-Давкова се сретна со гувернерот на Народната банка: Славески оцени дека економијата е стабилна, со солиден раст
Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова денеска оствари средба со гувернерот на Народната банка, Трајко Славески кој ја информираше за основните макроекономски показатели и за мерките преземени во делот на макроекономската политика. Разговараа за влијанието на глобалните геостратешки, финансиски и енергетски трендови врз македонската економија, како и за последиците во индустријата, трговијата и градежништвото. Гувернерот оцени дека економијата е стабилна, со солиден раст, …
Continue Reading
Стабилна наплата на концесиските надоместоци: Во вториот квартал од 2026 година наплатени речиси 300 милиони денари, извести Министерството за енергетика
Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини бележи стабилна реализација на наплатата на концесиските надоместоци за експлоатација на минерални суровини, што е резултат на унапредувањето на системот на наплата и засилениот институционален надзор врз исполнувањето на обврските од концесиските договори. Во вториот квартал од 2026 година по основ на концесиски надоместоци се наплатени 299.461.897 денари, што претставува зголемување во однос …
Continue Reading
Антонели ќе стартува од последното место во Монца
Возачот на Мерцедес, Кими Антонели, ќе добие сосема нов погонски агрегат на Големата награда на Италија, што значи дека ќе стартува последен, без оглед на резултатот што ќе го постигне во квалификациите. Лидерот во генералниот пласман веќе го искористи дозволениот број мотори за оваа сезона, па Мерцедес одлучи да ја отслужи казната во Монца. Возачите имаат на располагање четири погонски …
Continue Reading
Тепачка во Долна Матка по расправија за прошетка со чамец: семејство нападнато од три лица
На 23.08.2026 во 11:30 часот во СВР Скопје, В.С.(47) од село Неготино, гостиварско, пријави дека во 10:30 часот во с.Долна Матка, по претходна расправија со вработен во комплексот околу прошетка со чамец, таа, нејзиниот сопруг и нивната ќерка биле физички нападнати од три лица. Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.
Continue Reading
Вработен во МВР возел без возачка и со брзина поголема од дозволената: кривична против него
Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди поднесе кривична пријава против А.Ј. од Куманово, вработен во Министерството за внатрешни работи, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „безобзирно управување со моторно возило“. На 22.04.2026, пријавениот управувал со возило без положен возачки испит и со брзина поголема од дозволената. Одделот за внатрешна контрола поднесе предлог за поведување …
Continue Reading
Герасимовски: Подготвени сме за 1 септември и за пречек на нашите првачиња
Градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, денеска одржа координативна средба со директорите на сите општински основни училишта, на која беа разгледани последните подготовки пред почетокот на новата учебна година. На средбата беше потврдено дека училиштата се подготвени за стартот на учебната година и за пречекот на учениците на 1 септември, а особено на првачињата кои за првпат ќе седнат во …
Continue Reading
Собраниска делегација во набљудувачка мисија на изборите во Казахстан
Делегација на Собранието во Парламентарното собрание на ОБСЕ (ПС на ОБСЕ) во состав: Моника Зајкова, шеф на Делегацијата и потпретседател на ПС на ОБСЕ, како и Бобан Карапејовски, заменик-член на Делегацијата, учествуваа во Мисијата на ПС на ОБСЕ за набљудување на предвремените парламенарни избори во Казахстан, што се одржаа на 23 август 2026 година. Овие избори следат по уставниот референдум …
Continue Reading
Клековски: Досега се потврдени вкупно 44 случаи со западнонилска треска, 21 пациент е отпуштен од болница
Министерот за здравство, Сашо Клековски, денес ги посети Клиниката за инфективни болести и Институтот за јавно здравје, каде се сретна со медицинскиот персонал вклучен во справувањето со епидемијата од западнонилска треска. – Системот е подготвен и здравствените работници ја имаат нашата целосна поддршка во справувањето со западнонилската треска како јавноздравствен предизвик. При денешната посета на овие установи направив увид во …
Continue Reading